Реал им изрече историска казна на Валверде и Чуамени

Макфакс/Кајгана
/ 09.05.2026 / 11:57

Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелјан Чуамени, се казнети со по 500.000 евра од клубот за тепачка во соблекувалната.

По инцидентот, Уругваецот заврши во болница со повреда на главата, па нема да биде во составот за Ел Класико, каде што Барса со победа би можела да ја потврди титулата.

Казната е доказ дека тепачка имало, дека Чуамени го нокаутирал Валверде и покрај тоа што Уругваецот објави дека повредата ја добил кога удрил со главата во маса.

Ова што се случува сега е најмалиот проблем за клубот и Уругваецот… Пред најголемото дерби во Шпанија, ситуацијата во тимот е хаотична.

Во петокот Реал го направи првиот чекор кон смирување на тензиите во соблекувалната и дисциплинирање на играчите со изрекување на најголемата казна во својата историјата.

„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека, по настаните што доведоа до покренување на дисциплинска постапка вчера против нашите играчи Федерико Валверде и Орелјан Чуамени, двајцата се појавија денес пред истражното тело на клубот. Во таа прилика, играчите изразија длабоко жалење за она што се случи и се извинија еден на друг“, се вели во соопштението на Реал.

Освен казната, Реал не изрече никаков друг вид санкција за Французинот и Уругваецот, па двајцата технички ќе бидат на располагање на тренерот Арбелоа до крајот на сезоната. Во пракса, само Чуамени, а не Валверде, кој ќе биде надвор од теренот од 10 до 14 дена.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе