летни трансфери 2026

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Родри слета во Барселона во понеделникот вечерта, заклучувајќи еден од најголемите трансфери ова лето.

Шпанскиот репрезентативец од средниот ред беше на медицински прегледи утрово, по што ќе следи формално потпишување на договорот и официјална презентација кај каталонскиот гигант.

Иако летот беше одложен и тој пристигна во каталонската престолнина околу 20:15 часот, Родри не го криеше своето добро расположение пред собраните новинари на аеродромот:

„Многу сум среќен. Имав неколку интензивни денови зад мене, но ми е мило што сè е решено. Секако, играњето за Барселона е сон. Едвај чекам да бидам со моите соиграчи, а веќе ги познавам повеќето од нив. Ќе ја овоиме Лигата на шампионите. Ќе освоиме сè!“

Барселона и Манчестер Сити се договорија за трансферна сума во вкупна вредност од 76,5 милиони евра. Фиксниот дел од надоместокот е 60 милиони евра, додека преостанатите 16,5 милиони се предвидени преку разни бонуси.

Управниот одбор на Барселона продолжува да составува исклучително моќен состав за сезоната 2026/2027. По пристигнувањето на Ентони Гордон, Карим Адејеми и Жес Бисиву, Жуау Канселу исто така слета во клубот во понеделникот за да ја започне својата трета епизода во каталонскиот дрес.

Доколку сите административни детали бидат завршени на време, навивачите би можеле да ги видат Родри и другите засилувања за прв пат во среда на традиционалниот Жоан Гампер Трофеј на „Камп Ноу“ против египетскиот Ал Ахли.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Фудбал

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Read more

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Read more

Спорт

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Читај повеќе

Скандал во Ф1: На 11 септември Вилијамс настапи со ретро-дизајн поврзан со Бин Ладен

Читај повеќе

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Читај повеќе

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Читај повеќе

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Читај повеќе

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Читај повеќе

И Франција му врти грб на Инфантино

Читај повеќе