Португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо синоќа го продолжи патот кон најголемата цел во кариерата, да дојде до бројката од 1.000 постигнати голови.
Роналдо синоќа го реши дербито во Саудиска Арабија кое неговиот Ал Наср го доби со 3:1 против Ал Хилал и тоа на гости. Португалскиот ветеран беше творец на два гола.
Не е тајна дека Роналдо сака да игра додека не ја достигне целта од 1.000 голови во кариерата. Синоќа стигна до броевите 930 и 931, а единствен непријател во сето ова треба да биде времето, со оглед на тоа што веќе некое време е во својата 41 година од животот.
Гостите поведоа со убавиот гол на Али Ал Хасан на асистенција на Марцело Брозовиќ во финишот на првото полувреме, а потоа Роналдо на стартот од второто ја удвои предноста.
Фудбалерите на Ал Хилал успеаја да ја намалат негативата во 62. минута преку Али Ал Булајхи, но на две минути пред крајот Роналдо од пенал му донесе вреден триумф на Ал Наср.
Видовме интересна сцена при вториот гол на Роналдо. Имено, неговиот соиграч Садио Мане, кој му асистираше при првиот гол, славеше додека Роналдо трчаше да го изведе пеналот и на тој начин покажа колкава доверба има во својот соиграч.
Sadio Mané celebrated Cristiano Ronaldo's penalty before he even takes it.
— TCR. (@TeamCRonaldo) April 4, 2025
WHAT A PICTURE. 📸 🤩 pic.twitter.com/MkU3juOzcD
Ал Наср со оваа победа му се доближи на Ал Хилал со само три бодови заостанување, но и седум бода зад лидерот Ал Итихад, кој има натпревар помалку и треба да биде шампион за оваа сезона од саудиската Про лига, доколку не се случи нешто неочекувано.
Табела: