Роналдо нема да игра на Светското првенство?

Кристијано Роналдо со нетрпение ги чека резултатите од медицинските тестови откако беше принуден да излезе за време на победата на Ал Наср од 3:1 над Ал Фејха во Саудиската професионална лига во неделата. Португалската ѕвезда им сигнализираше на клупата во 80-тата минута дека не може да продолжи поради болка, а подоцна беше виден со мраз на задниот дел од коленото.

Ова е вторпат во една недела 41-годишниот фудбалер да биде заменет пред крајот на натпреварот. Слична ситуација се случи и во средината на неделата против Ал Наџма, кога тој исто така го напушти натпреварот порано. Тренерот на Ал Наср, Жорже Жесус, го потврди проблемот на Роналдо.

„Роналдо почувствува мускулен замор. Медицинските служби итно ќе ги спроведат потребните тестови за да ја утврдат неговата состојба“, рече Жесус.

Надежи за шесто Светско првенство

Времето на повредата предизвика загриженост со оглед на тоа што Светското првенство е за само за три месеци. Доколку се покаже дека проблемот е посериозен, искусниот напаѓач би можело да го пропушти Мундијалот кој би бил шести за него и со тоа би поставил рекорд.

Португалија на жрепката доби релативно лесна група во која ќе се соочи со Колумбија, Узбекистан и победникот од плејофот помеѓу ДР Конго, Јамајка и Нова Каледонија. Се очекува турнирот да биде збогување на Роналдо од Светското првенство, што го прави секое продолжено отсуство од теренот особено загрижувачко за португалската репрезентација.

реклама

Фудбал

Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А

Read more

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Read more

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Read more

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Read more
 

Спорт

Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Мајами

Читај повеќе

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Читај повеќе

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Читај повеќе

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Читај повеќе

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Читај повеќе

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Читај повеќе

Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска

Читај повеќе

Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса

Читај повеќе