Руни сè уште бара истрага за мечот со кој Сити стана шампион во 2012

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни сè уште „не може да се изначуди“ што можеби најпознатиот натпревар во историјата на англиската Премиер лига не е под истрага.

Секако, станува збор за победата на Манчестер Сити од 3:2 над Квинс Парк Ренџерс во последното коло од Премиер лигата во 2012 година.

Во таа прилика, Манчестер Сити ја освои титулата во англиското првенство со голови во судиското продолжение. Головите за пресврт ги постигнаа Един Џеко и Серхио Агуеро, со што станаа „бесмртни“ во историјата на англискиот фудбал.

Така, Сити му ја украде титулата на Манчестер Јунајтед, иако „Црвените ѓаволи“ го завршија својот натпревар на друг стадион и веќе почнаа да слават.

Легендарниот Руни сè уште е фрустриран од тој момент кој, и покрај бројните титули и трофеи, ја одбележа неговата кариера. Поранешниот капитен на Јунајтед сè уште не може да се изначуди зошто натпреварот не беше истражен за наводно местење.

„Очигледно беше тешко да брани КПР, но нели Пади Кени ја предаде топката на Сити? КПР знаеја дека обезбедија опстанок, Сити израмни на 2:2, а потоа КПР едноставно им ја врати топката. Го имаа Сисе на теренот, Бартон беше исклучен поради глупаво однесување, Рајт-Филипс и Онуоха беа таму... Тоа дефинитивно требаше да биде под истрага“, рече Руни во поткастот „Overlap“.

Remote video URL

Не е прв пат Руни јавно да каже дека натпреварот Сити - КПР треба да се истражи.

„Пади Кени требаше да биде подобар кај неколку голови. Сити го постигна вториот гол, а КПР им ја врати топката. Тоа никогаш не беше доведено во прашање, а Џибрил Сисе на крајот славеше со играчите на Сити“, коментираше претходно Руни.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе