Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, смета дека една од главните причини за лошата форма на Ливерпул е фактот што некои играчи имаат преголемо его.
Како главен во овој случај го окарактеризира Мохамед Салах.
„Врвните играчи имаат его, а Салах долго време е еден од најдобрите во лигата. Можно е неговото его да е оштетено со потпишувањето на Александер Исак и Флориан Вирц.
За потсетување, „Црвените“ потрошија дури 240 милиони фунти за ова дуо.
Руни, исто така, ја доведе во прашање посветеноста на Салах на одбраната.
„Мислам дека постарите и поискусните играчи во тимот, како Вирхил ван Дајк, треба да му кажат дека мора да ѝ помогне на одбраната“, рече поранешниот напаѓач на Јунајтед.
За потсетување, во последните три натпревари во сите натпреварувања, Ливерпул забележа исто толку порази.