УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027

Седлоски: Во Лигата на нации ќе го наметнеме нашиот стил на игра

Филип Здравески
/ 13.02.2026 / 11:04

Македонската репрезентација вчера во Брисел ги доби противниците за петта сезона од Лигата на нации, во која ќе дебитира во втората по силина лига, Б.

Фото: ФФМ

За жрепката во Лига Б задолжен беше поранешниот француски репрезентативец Патрик Виера, кој Македонија ја смести во Групата 1 заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Новиот селектор Гоце Седлоски, кој беше присутен на жрепката во Брисел, има голема почит кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа во втората по ранг лига.

„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува. Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б. Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“, изјави Седлоски за жрепката.

Шкотска ни е стар познаник со која имаме 4 пати играно, Словенија сито така со дури 7 одиграни натпревари, додека Швајцарија е една од петте европски репрезентации со кои нашата репрезентација досега никогаш не се има сретнато (другите се Грција, Сан Марино, Франција и Северна Ирска).

Новата сезона почнува со првото коло од 24 до 26 септември годинава, а лигашката фаза ќе заврши со шестото кое ќе се игра од 15 до 17 ноември.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе