Седум играчи на Еритреја не се вратија дома по гостување со репрезентацијата

Неколку играчи од еритрејската репрезентација изчезнале во Јужна Африка откако испишаа мала страница во историјата, помагајќи ѝ на својата земја да се врати во групната фаза од квалификациите за Африканскиот куп на нации по 19-годишно отсуство.

На теренот, беа видени извонредни реакции под водство на селекторот Хашам Јакан.

Еритреја двапати го победи Есватини, победувајќи со 2:0 во првиот натпревар во Мароко, а потоа повторно победувајќи во реваншот (2:1) одигран на 31 март на стадионот „Сомхлоло“ во градот Лобамба.

Овие резултати, постигнати од клучни играчи како Али Сулиман и Јоханес Нега, ѝ дадоа на репрезентацијата историска квалификација, повторно разгорувајќи го ентузијазмот што речиси две децении недостасуваше.

Сепак, спортската радост беше краткотрајна.

Според она што првично го објави инсајдерот Micky Jnr и потврдено на 5 април, веста за исчезнувањето брзо се прошири.

Од десетте играчи од локалната еритрејска лига, само тројца се вратиле дома, додека другите седуммина одлучиле да не се качат на летот, исчезнувајќи веројатно за да побараат политички азил во Јужна Африка, соседна држава на Есватини.

Ова не е прв пат да се случи нешто слично.

Еритрејскиот фудбал долго време се справува со вакви ситуации, толку многу што од 2009 година, над 60 играчи дезертирале при меѓународни патувања. Чашата се прели во 2019 година кога властите ѝ наложија да федерацијата да се откаже од меѓународни настапи. Еритреја последен пат играше како репрезентација на 25 јануари 2020 кога загуби со 1:0 во пријателски меч дома од Судан. Потоа 5 години оваа репрезентација не играше, по што ФИФА ја тргна од својата ранг-листа поради неактивност. Конечно во мај 2025 се реактивираше играјќи две пријателски дома против Нигер (0:0 и 0:1). Натпреварите против Есватини беа први по реактивацијата против Нигер.

Токму од страв да не ги изгубат своите играчи, земјата дури се откажа и од квалификациите за Светското првенство 2026. Ова учество на Африканскиот куп на нации изгледаше како знак на отвореност, но сега е нарушено од нов масовен егзодус.

Спортот честопати не е единствениот фактор зад овие одлуки.

Еритреја останува една од најизолираните земји во светот, а за многу граѓани, меѓународните натпреварувања претставуваат единствена вистинска можност да се бара поинаков живот, далеку од систем на трајни ограничувања.

Сега останува да се види дали федерацијата ќе може да ги исполни своите претстојни обврски или дали оваа епизода ќе означи нов неуспех за еритрејскиот фудбал. Квалификациите почнуваат во септември, а жрепката за групите допрва ќе биде направена. Репрезентацијата главно е составено од интернационалци, како на пример Џамал Али кој игра за Престон Лајонс, клубот на македонската дијаспора во Австралија. Но, има и од домашната лига.

Инаку, репрезентативецот на Шведска и играч на Ливерпул, Александер Исак, е Еритреец, но одлучи да игра за земјата каде е роден и израснат наместо за земјата на неговите родители од која никогаш и не ни доби повик.

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе