ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Селекторот на Египет тврди дека судиите ги ограбиле: Бевме подобри, но сакаа Меси да остане во игра за пехарот

Селекторот на Египет, Хосам Хасан, не штедеше зборови откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство во осминафиналето од Аргентина и тоа на шокантен начин.

Египет водеше со 2:0 до 79-тата минута, а Аргентина на крајот победи со 3:2 по неверојатен пресврт.

Хасан рече дека неговиот тим е жртва на неправда, сугерирајќи дека ФИФА и судиите имале удел во исходот на натпреварот.

„Бевме подобри од актуелните шампиони. Кога го велам тоа, мислам дека бевме подобри во сè, но резултатот беше под влијание на фактори на и надвор од теренот. Можеби сакаа да го задржат светскиот шампион во натпреварувањето. Можеби сакаа Меси да остане во игра за пехарот. Во фудбалот понекогаш има надворешни влијанија кои одат подалеку од техничките аспекти. Светскиот шампион имаше поддршка на сите нивоа“, рече Хасан, додавајќи:

„Се чини дека имаше притисок од аргентинската страна исходот да биде ваков. Се спротивставивме на изборот на судијата поради она што им се случи на Французите против Аргентина во финалето во 2022 година, но секој мора да страда еднаш, и така страдавме ние“, рече Хасан, пред директно да каже каде според него судиите ѝ помогнале на Аргентина.

„Не ни беше досуден пенал, ВАР дури и не го провери, а нашиот втор гол беше, којзнае зошто, поништен. Сите видовме влечење за дрес, а ВАР не се огласи. Животот е неправеден, па зошто би имало правда во спортот? Сакам да користам убави зборови и да го наречам сето ова 'несреќа', но ова е класична неправда“, рече Хасан, додавајќи дека по натпреварот му рекол на судијата Франсоа Летексје дека направил неправда.

„Во секој случај, по ова нема да гледам ниту еден друг натпревар на ова првенство“, заврши Хасан, кој во 9-тата минута од надополнувањето доби жолт картон за приговор, а три минути подоцна и втор.

Аргентина во 21. минута имаше пенал откако Хаисен Хасан го собори Николас Таљафико во шестнаесетникот. Пеналот беше оправдано досуден оти Таљафико прв стигна до топката. Во секој случај, голманот Мостафа Шобеир го прочита Лео Меси и му го одбрани ударот.

Потоа во 59-тата минута Мустафа Зико постигна гол за 2:0, но Летексје го поништи бидејќи на почеток на контра нападот топката беше одземена од Лисандро Мартинес со фаул, односно Маруан Атиа убаво го згазна по ногата, па Аргентина доби слободен удар.

Третата контроверзна ситуација, според Египќаните, се случи во акцијата што му претходеше на клучниот трет гол на Аргентина, постигнат од Енцо Фернандес. Египќаните тврдат дека Мохамед Салах бил фаулиран кога му беше одмезена топката за Аргентинците да тргнат во контрата, но ВАР не реагираше оценувајќи дека дуелот бил чист, што и навистина беше.

Remote video URL

Хосан Хасан е египетска фудбалска легенда со 177 одиграни натпревари за националниот тим и 69 постигнати голови. Играше за ЕЊгипет на Светското првенство 1990 во Италија, а ги водеше „Фараоните“ до дитулите шампоини на Африка во 1986, 1998 и 2006. На клупата седи од 2024 година.

реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Фудбал

Зошто интернетот одеднаш го хејта Меси?

Read more

Македонските лавови од Престон со епски пресврт го исфрлија Њукасл Џетс од Купот на Австралија

Read more

Модриќ е на чекор до историски рекорд во дресот на Милан

Read more

Меси: Болката е огромна… Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Read more

Спорт

  • play_arrow

Зошто интернетот одеднаш го хејта Меси?

Читај повеќе

Фабио Куартараро ќе вози за Хонда

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонските лавови од Престон со епски пресврт го исфрлија Њукасл Џетс од Купот на Австралија

Читај повеќе

Модриќ е на чекор до историски рекорд во дресот на Милан

Читај повеќе

Меси: Болката е огромна… Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Читај повеќе

Познато е зошто Чеферин го бојкотираше финалето на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Олмо за однесувањето на Аргентинците: Освен Меси, другите чекаа причина за да се тепаат

Читај повеќе

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Читај повеќе

ФИФА отвори истрага за срамното однесување на Аргентина по финалето против Шпанија

Читај повеќе