Македонската фудбалска репрезентација сѐ уште е на Новиот аеродром „Истанбул“ каде чека да полета за Скопје.
Причина за прекинувањето на првиот лет е дефект на сензорот за брзина. Авионот полета и по 15-ина минути беше принуден да се врати.
Пилотот објасни дека не можел да продолжи кон Скопје бидејќи нашиот најголем аеродром не располага со соодветна опрема со која контролната кула би можела да го води авионот кон безбедно слетување.
Затоа се врати кон истанбулскиот аеродром каде токму на тој начин беше изведено безбедно слетување.
Меѓу репрезентацијата и целата делегација нема проблеми, атмосферата е ведра, освен чекањето што треба да се издржи.
Неколку фудбалери не се на летот бидејќи посебно се упатија кон своите клубови во странство.