Во сабота нема да има фудбал ширум Италија поради погребот на папата Франциск, соопшти денеска министерот за цивилна заштита Нело Месумечи по заедничката средба со претставници на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Како што е најавено, натпреварите од Серија А закажани за сабота, Комо - Џеноа, Интер - Рома и Лацио - Парма ќе бидат одложени. Медиумите објавија дека дуелите Комо - Џеноа и Лацио - Парма најверојатно ќе се играат во недела или понеделник, додека останува да се види кога на терен ќе излезат Интер и Рома, бидејќи актуелниот лидер го игра првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона следната среда.
Исто така, донесена е одлука утре од 18:30 до 20:30 часот да се играат натпреварите од 33. коло во Серија А, кои беа планирани за понеделникот, но беа одложени поради смртта на папата. Станува збор за натпреварите Торино – Удинезе, Џеноа – Лацио, Парма – Јувентус и Каљари – Фиорентина.
📌 MATCHDAY 33 RESCHEDULED FIXTURES #SerieA
— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 21, 2025
CAGLIARI vs. FIORENTINA
GENOA vs. LAZIO
PARMA vs. JUVENTUS
TORINO vs. UDINESE
🗓️ Wednesday 23 April 2025 at 18.30 CEST
Утревечер од 21 часот според планираното се игра реваншот меѓу Интер и Милан (прв натпревар 1:1) во полуфиналето на Копа Италија.