Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Шпански Marca истакна момент од петтата минута од судиското продолжение во вчерашното Ел Класико и објави што се случувало во ВАР собата во тој момент. Голот за 5:3 за Барселона против Реал Мадрид го постигна Фермин Лопес, но беше поништен откако судијата сигнализираше играње со рака од играчот на Барселона.

Фермин Лопес се бореше за топката од левата страна на теренот, а Феде Валверде играше одбрана. Јасно е дека играчот на Реал ја исшутира топката што требаше да излезе надвор од теренот, но таа не излезе надвор бидејќи играчот на Барселона ја запре со рака. Акцијата продолжи без ниту еден од играчите на теренот да сигнализира што се случило. Потоа Лопес помина меѓу Лука Модриќ и Виктор Муњос и постигна гол.

Голот беше поништен поради играњето со рака што 22-годишникот го искористи за да си помогне во акцијата. Мартинес Мунуера, кој беше во ВАР собата, беше одговорен за информирање на судијата на натпреварот, Алехандро Хозе Ернандес Ернандес.

„Сепак, неколку часа подоцна, откако заврши натпреварот, RFEF го објави разговорот јавно, што стана вообичаено. Во него се слуша мистериозен глас како вели: „Фала му на Бога“ (во 37-мата секунда), што многу ги налути навивачите на Барса“, пишува Marca во статија со наслов „Мистериозно ‘Фала му на Бога’ слушнато од ВАР собата за време на прегледот на голот на Фермин“ и детално објаснува како се одвивал разговорот.

„Мартинес Мунуера: ‘Слушај, Алекс, штотуку забележавме рака, во ред? Дојди и погледни ја, те молам.

Непознат глас: ‘Со оглед на висината, фала му на Бога. Да, да, така е.’

Ернандес Ернандес: „Добро, совршено. Ајде, топката ја погоди раката, да. Топката ќе оди, сега дајте ми поширок кадар за да можеме да ја видиме целата акција, да видиме како ќе заврши. Добро, совршено, раката е очигледно горе. Ќе го поништам голот.’“

Барселона го доби Ел Класико со 4:3 и на три кола пред крајот на шпанското првенство има седум бода предност пред второпласираниот Реал.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе