Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Макфакс/Кајгана
/ 11.05.2026 / 19:06

Почитуваниот новинар на АЅ и хроничар на Реал Мадрид, Томас Ронсеро, во емотивен настап ги анализираше причините за уште една сезона без трофеј за „Кралскиот клуб“.

Вчерашниот пораз од Барселона на „Камп Ноу“ ја потврди неуспешната сезона, а Ронсеро не поштеди никого во својата анализа – од раководството и тренерот до најголемата ѕвезда на тимот, Килјан Мбапе. Поразот од 2:0, како што рече, не е катастрофа, но ги разоткрил сите слабости на тимот.

„Ние мадридистите речиси се помиривме со тоа. Барем поразот од 2:0 не беше поплава, но јасно ги покажа сите наши недостатоци“, рече Ронсеро, нагласувајќи дека ова е реалноста на клубот.

Според него, проблемите не се неодамнешни. Ронсеро тврди дека Реал Мадрид се движи по надолна линија откако пред две години ја освои 15-тата титула во Лигата на шампионите.

„Оттогаш, клубот се урива, и тоа гласно. Крос си замина, што беше негова одлука, но Модриќ не си замина по своја волја минатата година. Му беше кажано да си замине, му рекоа да си замине!“, откри новинарот, алудирајќи на фактот дека клубот не сакал да му понуди нов договор на капитенот и покрај фактот што тој сè уште можеше да придонесе.

„Не е исто со Модриќ. Да влезеше барем половина час, ќе донесеше малку фудбал, бидејќи сè уште може многу да понуди. Но, му рекоа - не. Тимот игра без никаков авторитет“, рече Ронсеро.

Особено ги критикуваше одлуките на тренерот Алваро Арбелоа. Смета дека инсистирањето на Едуардо Камавинга, кој го направии фаулот за првиот гол, било погрешно додека младите играчи од академијата седат на клупата.

Повик за целосна револуција

Ронсеро ги пофали напорите на поединци како Винисиус, Брахим Диас, Тибо Куртоа и Антонио Ридигер, но заклучи дека тоа не е доволно.

„На Реал му недостасува фудбал. Реал го нема моќниот тим што го имаше пред две или четири години со Анчелоти, кога ја освоивме Лигата на шампионите со играчишта на теренот. Се распаднавме, направивме лоши купувања. Тоа треба да се каже гласно и јасно“, рече тој.

Решението го гледа во целосно „ресетирање“ на клубот и радикални потези, слични на оние што ги направи Флорентино Перес во 2009 година.

„Управата со Флорентино на чело мора да седне, да собира и да почне да троши пари. Треба да купуваат, купуваат и купуваат. Нека донесат 7 играчи и да создадат нов тим. Се сеќавам кога Флорентино дојде во 2009 година и ги донесе Кристијано, Шаби Алонсо, Кака, Бензема…За една година го направи она што требаше да го направи за три. Тоа е она што го барам од него дури и сега. И нека се договори со тренерот, без разлика дали ќе биде Мурињо или некој друг, не ми е важно, сè додека носи драстични одлуки“, заклучи Ринсеро.

Мбапе си поигрува со клубот

Упати најостри критики кон Килјан Мбапе. Французинот не патуваше со тимот поради наводни мали проблеми, а за време на натпреварот објави порака „Хала Мадрид“ на социјалните мрежи, што Ронсеро го сфати како провокација.

„Ѕвездата на тимот не патуваше, иако не можеше да игра. Ако имате проблеми, се качувате во авионот и ги бодрите соиграчите од клупата. А, тој го гледа натпреварот дома, а потоа на 2:0 објавува 'Хала Мадрид'? Почнувам да мислам дека се шегува со нас“, рече Ронсеро.

„Верувам дека Килјан ни прави трикови и тоа ме лути. Ме восхитува како играч, но она што го прави во последно време ме тера да мислам дека си поигрува со Реал Мадрид. Што мислиш 'Хала Мадрид' на 2:0? Човече, требаше да бидеш таму и да ги поддржуваш соиграчите, да бидеш лидер. Но, нема никаков знак или глас од лидерот.“

Конечно, тој повлече болна паралела.

„Барселона ни ја одзеде лигата втора година по ред, што се совпадна со доаѓањето на Мбапе. Нема да кажам дека Реал губи поради него, но нешто се случи. Без Мбапе, Реал беше шампион на Европа и Шпанија. Со него, не можеме да ја освоиме ниту лигата, ниту Лигата на шампионите, ниту купот. Апсолутно ништо! Но, да, тој постигнува многу голови.“

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Фудбал

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Read more

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Read more

Спорт

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Читај повеќе

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Читај повеќе

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Читај повеќе

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Читај повеќе

Дешан порача: Франција оди по пехарот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Читај повеќе