Попладнево УЕФА ги извлече паровите за првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Куп шампионот Силекс од Кратово за противник го доби белорускиот тим Динамо од Минск, клуб кој досега има позитивно искуство со македонските екипи. Во минатото овој клуб ги има елиминирано Ренова и Работнички со две ремија и две победи. Силекс ќе треба да се потруди за прва македонска победа против некогашниот гигант од Минск.
Второпласираната и од лигата и од купот, тетовска Шкендија, во жрепката влезе како носител поради добриот коефициент и си доби на хартија послаб противник во гибралтарскиот претставник Јуропа. Ќе треба да ја оправда улогата на апсолутен фаворит во двомечот.
Првите натпревари се играат на 9 јули, додека реваншите на 16-ти.
Потсетуваме, претходно во жрепката за Лигата на шампионите скопски Вардар за противник го доби финскиот шампион КуПС.