Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, јавно им се извини на Винисиус Жуниор и на Флорентино Перес, ѕвездата и претседателот на Реал Мадрид.

Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес за неговото однесување за време на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

Да потсетиме дека во првото полувреме, Симеоне, вознемирен од симулираниот фаул на Винисиус, се приближи до аут-линијата и, според толкувањето на коментаторите на Movistar, извикал: „Флорентино ќе те избрка, запомни што ти велам!“, а потоа во 81-та минута, кога напаѓачот на Реал Мадрид ја напушташе играта, избувна уште еден вербален конфликт помеѓу Бразилецот и Аргентинецот.

Винисиус фрли нешто кон Симеоне, а тренерот на Јорганџиите одговори покажувајќи кон трибините и кажувајќи му да ги слуша свирежите што му ги упатуваат навивачите на Реал.

„Би сакал да им се извинам на г-дин Флорентино и г-дин Винисиус за она што се случи. Очигледно не беше во ред од мене да се доведам во таква ситуација и прифаќам дека погрешив“, рече аргентинскиот тренер на прес-конференцијата по утринскиот тренинг.

Симеоне додаде и дека Барселона заслужува да го освои Суперкупот.

„Барселона е тим со одлични играчи, одличен тренер со многу јасни идеи и тим кој следи јасно дефинирана филозофија на игра. Резултатите и трофеите што ги освојуваат го потврдуваат тоа“, рече Симеоне.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Фудбал

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Read more

Роналдо го прекинува штрајкот

Read more

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Read more

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Read more
 

Спорт

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Читај повеќе

Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд: Жал ми е за Собослаи, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата

Читај повеќе

Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимската олимпијада

Читај повеќе

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Читај повеќе