Синот на Дејан Станковиќ ја одби Италија: Јас сум целосен Србин

Синот на славниот Дејан Станковиќ, Александар Станковиќ, доби повик од селекторот Драган Стојковиќ во репрезентацијата на Србија.

Стојковиќ ретко им дава шанса на помладите играчи, но синот на Дејан Станковиќ се бореше за можноста и немаше двоумење да ја избере репрезентацијата. Во интервју за официјалната веб-страница на Фудбалскиот сојуз на Србија, тој потврди дека имал понуда од Италија, неговата родна земја, но дека промената на националниот грб не била опција за него.

„Кога играм за Србија, секогаш сум многу мотивиран. Секаде се претставувам како Србин. Имав многу понуди за Италија, но секогаш велев дека моето семејство е од Србија. Се чувствувам целосно Србин и секогаш ќе ја бирам Србија“, рече Станковиќ, кој сепак не е целосно Србин бидејќи неговата мајка е Словенка, па можеше да игра и за Словенија.

Неговиот татко Дејан има 103 настапи за Србија и Александар се надева дека ќе се приближи до тој учинок. Пред неговото можно деби во репорезентацијата тој доби неколку инструкции што ги смета за корисни.

„Татко ми ми рече да се однесувам добро и пред да го облечам дресот, прво да го погледнам српскиот грб и секогаш да го ставам пред моето презиме. Го видов неговиот портрет пред соблекувалната. Секој пат кога доаѓам во Пазова, стојам пред таа слика, ја гледам и посакувам еден ден да можам да се приближам до него во однос на бројот на настапи“, рече тој.

Александар Станковиќ е роден во Милано во 2005 година кога неговиот татко играше за Интер. Токму во овој клуб ја почна кариерата, но никогаш не настапи за сениорскиот тим, само неколку пати беше на клупата за резерви без да влезе во игра. Лани играше како позајмен за швајцарски Луцерн, а летоска се пресели во Клуб Бриж.

За Србија има играно во сите младинските репрезентации. Игра во средниот ред, најмногу како дефанзивец.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Фудбал

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Read more

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Read more

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе