Сируп против кашлица му ја заврши кариерата, сега се враќа: Не сакав да се пензионирам

Алехандро Дарио Гомес Вижаверде, попознат како Папу Гомес, треба да му се врати на фудбалот откако ќе истече неговата двегодишна суспензија следниот месец. Гомес јавно го изрази своето незадоволство од она што му се случи, протестирајќи против двојните стандарди.

„Имав лоша ноќ и зедов сируп за кашлица што моите деца обично го земаат. Претходно не се консултирав со лекарите во Севиља, а подоцна се покажа дека сирупот всушност е Б2-адренергичен лек, сличен на салбутамол“, рече Гомес.

Освојувачот на Мундијалот 2022 со Аргентина рече дека му е тешко да гледа фудбал, а во интервју за YouTube каналот De Visitante рече дека бил шокиран.

„Првите неколку месеци беа тешки за мене, не разбирав зошто ми се случуваше ова. Врвот на мојата кариера, освојувањето на Светското првенство, но понекогаш животот ви фрла вакви неочекувани ситуации и изненадувања. Не сакав да се пензионирам, не сакав да дозволам двајца или тројца луѓе во одела и вратоврски кои никогаш не спортувале да одлучат кога ќе заврши мојата кариера“, рече 37-годишниот Аргентинец.

Во меѓувреме, Папу Гомес потпиша договор со Падова, која игра во Серија Би и треба да им помогне во борбата за опстанок, а додека чека повторно да заигра, Гомес го вперува прстот кон луѓето кои ја одлучиле неговата судбина.

„Ако земете кокаин или пушите џоинт, добивате 6 месеци. Јас добив 2 години затоа што го зедов сирупот за кашлица на мојот син. Кој може да го разбере тоа? Како и да е, еве ме, го проголтав тоа, се мачев и почнав да работам со психолог“, заврши Аргентинецот.

37-годишниот Папу Гомес кариерата ја почна во Арсенал де Саранди, а играше и за Сан Лоренсо, Катанија, Металист, Аталанта, Севиља и Монца. Најголењма трага острави во Аталанта за која на 252 натпревара во сите конкуренции постигна 59 голови и запиша 72 асистенции. За Аргентина има 17 натпревари и 3 голови.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе