Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Играчот од средниот ред на Галатасарај, Лукас Торејра, бил претепан пред трговски центар во населбата Касимпаша во Истанбул, а полицијата соопшти дека е приведен еден маж.

Поранешниот играч на Арсенал, кој игра во Турција од 2022 година, бил жртва на напад во која се здобил со гребнатини околу левото око. Торејра поднесе формална тужба против осомничениот и бара кривично гонење.

Торејра, кој излегувал од кафуле, наводно бил нападнат со тупаници од маж идентификуван како Јусуф Ј. За време на тепачката, интервенирале обезбедувањето и блиските соработници на Торејра, обидувајќи се да спречат ескалација на ситуацијата.

На снимката се гледа како напаѓачот одеднаш се приближува кон Торејра, а минувачи интервенираат.

Откриено е дека напаѓачот веќе имал криминално досие. Властите, исто така, утврдија дека против осомничениот веќе била издадена забрана за приближување во времето на нападот.

Инцидентот се случил во кафуле кое се наоѓало во трговски центар во населбата Касимпаша. Полицијата реагирала и го привела осомничениот, кој се обидел да влезе во такси за да избега од местото на настанот.

За време на истрагата, утврдено е дека напаѓачот претходно објавувал заканувачки пораки до Лукас Торејра, објави Haberler. Причина била девојка по име Ипек, со која Уругваецот бил во врска.

Торејра пристигна во Галатасарај од Арсенал, а вреди да се напомене дека ја освои титулата во турската Суперлиг во секоја од четирите сезони што ги помина во клубот.

Уругваецот го изгуби местото во лондонскиот тим и, по позајмицата во Атлетико и Фиорентина, трајно се пресели на Босфорот, каде што очигледно повторно фудбалски се пронајде.

30-годишниот Торејра има 40 настапи за репрезентацијата на Уругвај и беше во составот на Мундијалите во 2018 и 2022, но нема настап по првенството во Катар.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Фудбал

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Read more

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Read more

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Read more

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Read more

Спорт

  • play_arrow

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Читај повеќе

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе

Претседателот си ги однел љубовницата и сопругата на Светското, на сметка на Бразилската конфедерација

Читај повеќе