Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Макфакс/Кајгана
/ 05.10.2026 / 20:59

Поранешниот српски репрезентативец Миле Свилар е најдобриот голман во италијанската лига. Свилар пристигна од Бенфика во Рома пред четири години, а минатата сезона во римскиот клуб ја заработи престижната награда за најдобар голман во Серија А. Сепак, тој не брани за ниту една репрезентација. Како е тоа можно?

Свилар има 27 години и е роден во Белгија. Иако неговите родители се од Србија, тој играше за помладите категории на белгиската репрезентација, од У15 до У21. Но, во 2021 година одлучи да ја промени репрезентацијата, што често се случува во фудбалскиот свет.

Ја прифати поканата на Србија, во периодот кога селектор беше Драган Стојковиќ-Пикси.

Неговиот татко Ратко, еден од најдобрите голмани во историјата на поранешна Југославија, го сакаше тоа и го поддржа својот син. Но, Миле бранеше за татковината на своите родители само еднаш, во пријателски натпревар против Катар. Беше и на клупата во 4 квалификациски натпревари за Светското првенство 2022. Потоа се предомисли, па сега сака да се врати во репрезентацијата на Белгија.

Сепак, за повторно да го смени спортското државјанство не доби дозвола од ФИФА.

Свилар сега е во ситуација дека за една репрезентација сака да игра, но не може, а може да игра за другата, за која не сака да игра.

Случајот на Свилар е сè уште отворен. Ангажираше адвокати за да се обиде да ја поништи одлуката на ФИФА, но неговите шанси се мали. Српските селектори Драган Стојковиќ-Пикси и Вељко Пауновиќ го повикаа неколку пати, но тој ги одби тие повици.

Миле Свилар е роден на 27 август 1999 година. Ја започна кариерата во Андерлехт, а во 2017 година се пресели во Бенфика за 2 милиони евра. Помина 4 сезони во Португалија и одигра 23 натпревари, пред да пристигне во Рома како слободен играч во 2022 година. Неговата мајка е од место близу Источно Сараево.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Фудбал

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Read more

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Спорт

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ е незапирлив: Му даде 53 поени на Портланд за голем пресврт

Читај повеќе

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе