УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПОЛУФИНАЛЕ

Снајдер: Сакав да се јавам во УЕФА и да им кажам да го прекинат Арсенал - Атлетико

Поранешниот холандски репрезентативец и освојувач на Лигата на шампионите откри дека по 35 минути „очобол“ игра во Лондон сакал да ѕвони во УЕФА и да упати скандалозно барање да го прекинат полуфиналниот реванш натпревар.

Весли Снајдер ги сумираше своите импресии од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетико, наведувајќи дека сакал да упати скандалозен апел до УЕФА.

„Топчиите“ се пласираа во своето прво финале во Лигата на шампионите по 2006 година благодарение на победата од 1:0 над над тимот од Мадрид во реваншот во Лондон.

Букајо Сака го постигна единствениот гол на натпреварот во 45-тата минута за Арсенал, кој стоички се бранеше доцна во играта и ја задржа предноста.

Remote video URL

Не беше вистинска класика во атрактивна фудбалска смисла - сигурно не во споредба со победата на ПСЖ од 5:4 над Баерн минатата недела - но цело време се очекуваше ова да биде поизрамнет дефанзивен дуел.

Арсенал ќе се соочи или со ПСЖ или со Баерн во финалето во Будимпешта, а нивниот полуфинален реванш се игра вечерва.

Иако „Топчиите“ водеа на полувремето на стадионот „Емирејтс“, на поранешната ѕвезда на Интер, Весли Снајдер, кој ја освои Лигата на шампионите во 2010 година, му дошло преку глава од играта што ја пружаа двата тима. Имено, сѐ до голот двата тимаа немаа ниту еден удар во рамките од голот. Првиот удар дојде токму таа 45-та минута, а голот падна по одбиената топка од голманот Јан Облак.

Снајдер жестоко удри по Арсенал и Атлетико

За време на репортажата на холандскиот канал Ziggo Sport, Снајдер се огласи и тврдеше дека, непосредно пред Арсенал да постигне гол, сакал да се јави во УЕФА и да им каже да го прекинат натпреварот.

„Сакав да се јавам во УЕФА по 35 минути за да го откажат натпреварот“, рече тој. „Да ги натерам да им кажат на играчите да го напуштат теренот и да го објават натпреварот Баерн - ПСЖ како финале на Лигата на шампионите.“

Статистиката од првото полувреме: Пред постигнувањето на голот бројот на удари во рамки на голот беше 0:0

По натпреварот говорејќи за AS додаде: „Гледањето на дуелот помеѓу Арсенал и Атлетико не се чувствуваше како полуфинале на Лигата на шампионите. Немаше интензитет, креативност и вистински квалитет во последната третина.“

„Во финалето, многу ми е тешко да замислам дека ќе им создаваат проблеми на тим како ПСЖ или Баерн.“

„Врз основа на она што го видовме вечерва, тоа би била лесна победа за било кој од двата.“

„На ова ниво, очекувате драма и врвен фудбал, но ова беше далеку од тоа.“

Но, тој сепак му оддаде дел од заслугата на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјавувајќи: „Овој господин... Не можам да го кажувам доволно често, луѓе. Но, тој веќе заслужува статуа.“

„Со овој тим, импресивно е да се стигне до финалето. Ги оставаш сите други тимови од светска класа зад себе. Мислам дека тоа е многу импресивно.“

Иако чувствата на Снајдер се очигледно јасни, на друго место се сугерира дека поструктурираниот систем и стил на Арсенал може да ги направат совршен противник за натпреварување и победа над ПСЖ или Баерн.

Сепак, пред финалето во Будимпешта, треба да се фокусираат на крајот од трката за титулата во Премиер лигата.

Ремито 3:3 на Манчестер Сити кај Евертон значи дека, доколку „Топчиите“ ги добијат сите три преостанати натпревари против Вест Хем, Барнли и Кристал Палас, ќе бидат крунисани за шампиони во Премиер лигата за прв пат од 2004 година.

Потоа ќе играат во своето прво финале на Лигата на шампионите од 2006 година, кога загубија со 2:1 од Барселона.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more
 

Спорт

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе