Фудбалерите на Милан спектакуларно ја завршија подготвителната турнеја во Азија и Пацификот со убедлива победа против австралискиот клуб Перт Глори. Конечниот резултат беше 9:0.
Средбата не понуди неизвесност. Веќе во 31-та минута, на семафорот пишуваше 5:0. Голијадатаа ја отвори Филипо Терачано во 3-тата минута, по што Ноа Окафор постигна два гола, а Самуел Чуквезе и Кристијан Комото исто така погодија.
Масимилијано Алегри направи неколку измени во второто полувреме, а меѓу играчите што влегоа беа Рафаел Леао и Самуеле Ричи, кои ја затресоа мрежата на противникот уште три пати. Леао постигна два гола, а Ричи еден гол. Конечните 9:0 ги постигна Јунус Мусах.
A professional performance in Perth 👏 pic.twitter.com/vKxocvmCT4
— AC Milan (@acmilan) July 31, 2025
Милан ја заврши подготвителната турнеја со две победи, против Ливерпул и Перт, и тесен пораз од Арсенал.
Пред почетокот на сезоната, Роснерите ќе одиграат уште два натпревара, против Лидс Јунајтед и Челси, а првиот официјален натпревар за Милан е закажан за 17 август кога ќе се соочат со Бари во Купот на Италија.