Стефан Деспотовски: Против Белгија мора да бидеме перфектни
Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Мундијалот 2026, против Белгија в петок и Казахстан в понеделник.
Дебитантот во нашата репрезентација, Стефан Деспотовски смета дека против Белгија мора да бидеме перфектни доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.