летни трансфери 2025

Стефан Ристовски е нов играч на великанот од Сараево

Стефан Ристовски (33), македонска легенда на ХНЛ, ја напушти Хрватска откако му истече договорот со загрепски Динамо. Нов клуб на десниот бек е Сарајево, потврди Index. Ристовски таму го привлекол тренерот Зоран Зекиќ, кој го освои Купот на БиХ со клубот од Кошево минатата сезона, а заврши трет во првенството.

Го очекуваат познати лица и европски предизвици

Ристовски ќе му се придружи на својот нов клуб на подготовките во Словенија, а го очекува и европски предизвик. За две недели се игра првиот натпревар од второто квалификациско коло од Конференциската лига против романската Универзитатеа. Покрај Зекиќ, во Сарајево го чека и Иван Баниќ, уште едно познато лице од Хрватска. Голманот неодамна дојде од Горица.

Во Сарајево од пред неколку дена е и Крсте Велкоски, поранешен соиграч на Ристовски од репрезентацијата на Македонија, кој по завршувањето на сезоната замина во пензија. Во босанскиот клуб ќе ја извршува функцијата спортски директор.

Ристовски го напушти Динамо по 4 и пол години. За време на неговиот престој на „Максимир“ освои 4 шампионски титули и 2 купа. Одигра 185 натпревари постигнувајќи 7 голови и направи 21 асистенција. Беше омилен кај навивачите поради својата посветеност и се истакна како кокапитен.

Трофеен и сакан во Ријека и Динамо

Претходно ја освои двојната круна со Ријека во сезоната 2016/2017 година. Исто така беше омилеб во Рујевица поради гореспоменатиот квалитет, а за Ријека постигна 2 гола и имаше 16 асистенции во 86 натпревари. Одигра вкупно 188 натпревари во ХНЛ.

Ја напушти Ријека во јануари 2018 година за лисабонски Спортинг за 1,1 милион евра отштета. Динамо го донесе три години подоцна за 1 милион евра. Transfermarkt сега ја проценува неговата вредност на 750 илјади евра. Искусниот Ристовски одигра 81 натпревар за Македонија и постигна 2 гола, но се повлече летото 2023 година наведувајќи дека не сака да игра додека селектор е Благоја Милевски.

Сарајево е најтрофеен клуб од Босна и Херцеговина. Двапати ја има освоено лигата на поранешна Југославија и 5 пати босанската лига, а има 8 пехари од босанскиот Куп.

реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Трамп одобри да се купува руска нафта

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе