1.МФЛ 2025/2026

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Филип Здравески
/ 16.02.2026 / 16:17

Во понеделничките натпревари од првата лига Брера го изненади Арсими на гости, додека Македонија ЃП оствари лесна победа против отпишаниот Шкупи.

Фото: ФК Арсими Чегране

„Лавовите“ од Ѓорче Петров уште во првите половина час игра постигнаа три гола против тинејџерската екипа од Чаир и лесно ги освоија планираните три бода.

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Шкупи 3:0 (3:0)
Стрелци: 10' Малик Хамзиќ, 20' Екснејдер Гереро Кинтана, 28' Матео Софијаноски
Главен судија: Бењамин Ќерими (Скопје)

Remote video URL

Во Гостивар се играше битка за опстанок помеѓу две екипи кои два бода ги делат на табелата. Гостите од Струмица со по еден гол во секое полувреме успеаја да ги однесат бодовите, го престигнаа Арсими на табелата и направија важен скок во борбата за опстанок.

Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими - Брера Струмица 0:2 (0:1)
Стрелци:  23' Леонардо Петровиќ, 90'+3 Кире Стојанов
Главен судија: Александар Урошевиќ (Тетово)

Ова 18-то коло ќе се затвори утре кога во Куманово екипата на Башкими ќе го пречека Пелистер во 14 часот.

Табела:

реклама

Фудбал

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Read more

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Read more

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Read more

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Read more
 

Спорт

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Читај повеќе

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Читај повеќе

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Читај повеќе

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Читај повеќе

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Читај повеќе

Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска

Читај повеќе

Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе