1.МФЛ 2024/2025

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Филип Здравески
/ 22.04.2025 / 16:28

Зад нас е контроверзно коло во првата лига во кое на три од шесте натпревари клубови имаат жалби, а еден дури и беше прекинат. Од ФФМ се огласија со судиска анализа на спорните ситуации.

„Одборот на судии во рамки на Фудбалската федерација на Македонија остануваат цврсто посветени на транспарентноста и отчетноста како основни вредности во работењето со единствена цел - развој на фудбалски систем базиран на фер-плеј, објективност и професионалност.

Потврдивме дека секој натпревар од 1.МФЛ се анализира со највисоко ниво на внимание од страна на контролорите на судење, како и од стручните тела на ФФМ, со што се обезбедува квалитетна и фер евалуација на судиските перформанси“, соопшти Одборот на судии при ФФМ.

Во денешниот извештај се анализираат спорните ситуации од три натпревари:

„Во врска со натпреварот од 28. коло помеѓу ФК Шкупи и ФК Силекс, истакнуваме дека при израмнувачкиот погодок за гостинската екипа во 62. минута постои прекршување на Правилата, иако ситуацијата е технички исклучително комплексна за проценка, но видео анализата укажува дека голот не требало да биде признаен поради офсајд прекршок од напаѓачот кој со минимален дел од телото е понапред од топката. Одговорноста за ваквата погрешна проценка на вториот помошен судија е препознаена и од контролорот на натпреварот Горан Спиркоски од Прилеп со негативна оцена од 7,9“.

„Истовремено, на натпреварот меѓу ФК Воска и ФК Вардар, кој беше прекинат во 76. минута поради напуштање на теренот од страна на домашната екипа, посочуваме дека реакцијата беше заснована врз субјективно доживеан момент.

Видео материјалите од посочениот момент при постигнување на израмнувачкиот погодок за гостинската екипа не потврдуваат никакво прекршување на Правилата на фудбалската игра, ниту нивна погрешна интерпретација и оттука одлуката на судијата не може да биде оценета како погрешна проценка.

 

Одлуката на ФК Воска да го напушти теренот претставува сериозен преседан, непрофесионален и крајно неодговорен чин, кој е во спротивност со духот на спортот, основните фудбалски принципи и фер-плеј вредностите кои ги застапуваме. Фудбалската игра подразбира почитување на процесите, институциите и правилата на играта, дури и во моменти на несогласување. Со самоволно прекинување на натпревар во професионално натпреварување како 1.МФЛ се испраќа порака која не е добредојдена, ниту на теренот, ниту надвор од него. Ваквиот однос мора јасно и недвосмислено да биде санкциониран.

Контролорскиот извештај за овој натпревар од страна на контролорот Џенан Хајдари од Скопје е со оценка 8,4 за целиот судиски тим“.

„Изминатиот викенд бевме сведоци и на реакција од страна на ФК Гостивар за дуелот со ФК Струга. Станува збор за момент во 85. минута при резултат 0:1 за Гостивар. Во споменатиот момент не е направена никаква материјална повреда на натпреварот од страна на судиската четворка.

(спорниот момент е на 3:14 од видеото)

Remote video URL

Контролорскиот извештај на контролорот Зоранчо Илиевски од Битола е со највисока оценка 8,5 за главниот судија и вториот асистент, а првиот асистент и четвртиот се оценети со 8,4 кои без ниту една грешка го водеа натпреварот“.

Во анализата не се споменува поништениот гол на Работнички против Пелистер, најверојатно бидејќи „Романтичарите“ на крајот успеаја да победат со прсврт, па не се жалеа на сомнително досудениот офсајд.

„Судиските одлуки како и секаде во светот се подложни на човечки фактор и можни ненамерни грешки. Она што е клучно е дека тие се предмет на системска анализа и се третираат со максимална сериозност. Исто така, не смееме да го игнорираме бројот на прецизни и исклучително тешки одлуки кои судиите ги носат успешно, што директно придонесува за регуларноста на натпреварите.

Апелираме до сите фудбалски чинители, клубовите, играчите, навивачите и медиумите, да го почитуваат процесот и да ги поддржат напорите за подобрување на судењето преку конструктивен дијалог, а не преку избрзани заклучоци и јавен притисок.

Одборот на судии во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно, а секоја погрешна судиска проценка ќе биде третирана соодветно во рамки на процедурите. Единствено со принципиелност и истрајност може да изградиме здраво и фер фудбалско опкружување“, завршува соопштението на Одборот на судии при ФФМ.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе