Шкупи брка неславен рекорд

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Филип Здравески
/ 14.04.2026 / 15:25

Остануваат уште шест кола до крајот на сезоната 2025/2026 во македонската прва лига и уште толку надеж за клубот од скопската населба Чаир да не го сруши негативниот рекорд во историјата на македонската прва лига.

Remote video URL

Откако 1.МФЛ никна по распадот на Југославија оваа сезона е 34-та по ред. Оттогаш веќе е испишана историја, а клубовите може да се рангираат на најразлични начини, позитивни и негативни. Еден таков начин е рангирањето по бројот на освоени бодови, почнувајќи од оние со најмалку освоени во една сезона. Имало дури 9 примери кога клубови сезоната ја завршувале со едноцифрен број на бодови. Тука не ги рачунаме административно одземените бодови, туку сите освоени на зелениот терен, бидејќи така вистински се гледа перформансот на еден тим.

Шкупи сезонава во 27-те одиграни кола освои само еден единствен бод и тоа есента кога одигра 1:1 против Работнички. Сите останати натпревари ги загуби. Токму затоа е на пат да стане лидер на оваа неславна табела.

Сѐ до оваа сезона лидер беше Тиквеш, кој сезоната 2000/2001 ја заврши со 3 бодови благодарение на едната остварена победа. Токму кавадарчани се надеваат дека Шкупи ќе продолжи да не собира бодови за конечно по долги 25 години да се симнат од врвот на оваа неславна листа.

Пред Тиквеш да го земе овој примат, лидер бил Рудар, кој во сезоната 1996/1997 освоил само 5 бодови. Оттогаш и почнува падот на овој клуб од Пробиштип кој никогаш повеќе не се врати во македонската елита, за разлика од Тиквеш кој по таа рекордна сезона навистина го допре ддното, но не само што се врати туку и го освои Купот.

Вистина е дека на конечната табела од минатата сезона екипата на Воска Спорт се појавува со -5 бодови. Но, тоа не е резултат на лошите игри на овој тим, туку на службено одземени дури 27 бодови. Бидејќи овој клуб на зелениот терен всушност освои 22 бода, не му е местото во ова рангирање.

Топ 10 најслаби клубови во 1.МФЛ:

  1. 2025/2026 Шкупи 1
  2. 2000/2001 Тиквеш 3
  3. 1996/1997 Рудар 5
  4. 2009/2010 Милано 6
  5. 2004/2005 Напредок 7
  6. 2005/2006 Беласица ГЦ 8
  7. 1992/1993 Вардарски 9*
      1999/2000 Куманово 9
      2006/2007 Влазрими 9
  8. 1993/1994 Македонија 10*
      1994/1995 Кожуф Винојуг 10**
      2003/2004 Брегалница (Д) 10**
  9. 1997/1998 Брегалница (Ш) 12***
10. 2022/2023 Победа 13

*Во првите сезони по независноста за победа се добивале по 2 бода наместо по 3 како денес. Така, со денешната математика Вардарски би имал 11, а Македонија 12 бодови.
**На Кожуф Винојуг и Брегалница (Д) им биле одземени по 3 бодови, па на конечната табела всушност имаат по 7. Но, сепак на зелениот терен освоиле по 10.
***Штипска Брегалница таа сезона се откажала на полусезона, што значи дека освоените 12 бодови се само од половина одиграни натпревари.

реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Фудбал

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Read more

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Read more

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Read more
 

Спорт

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Читај повеќе

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Читај повеќе

Почина големaта шампионка Малесе откако колабираше на тренинг

Читај повеќе

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе