ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Трамп им се закани на Бостонци: Градоначалничката не ја бива, ќе ви ги одземам натпреварите на Светско

Макфакс/Кајгана
/ 16.10.2025 / 10:02

ФИФА изјави дека се надева оти сите 16 градови во САД, Канада и Мексико ќе бидат подготвени да бидат домаќини на Светското првенство следната година, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе му го одземе домаќинството на Бостон.

„Безбедноста и сигурноста, секако, се одговорност на владите, кои одлучуваат што е во интерес на јавната безбедност“, се вели во соопштението на ФИФА.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека натпреварите од предградијата на Бостон би можеле да бидат преместени поради немирите во тој град.

„Можеме да им ги одземеме натпреварите. Ги сакам луѓето од Бостон и знам дека натпреварите се распродадени. Но, вашата градоначалничка не е добра“, рече Трамп за градоначалничката од Демократската партија, Мишел Ву.

Мишел Ву, градоначалничка на Бостон

Администрацијата на Трамп претходно испрати членови на Националната гарда во Вашингтон и Мемфис, додека обидите да се стори тоа во Чикаго и Портланд предизвикаа правни спорови.

Американскиот претседател претходно сугерираше дека би можел да прогласи одредени градови за „небезбедни“ за домаќини на Светското првенство, менувајќи го планот на ФИФА од 2022 година.

Тој план вклучува, меѓу другото, фудбалски натпревари на НФЛ стадионите во близина на Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Одлуката за организација на натпреварите ја носи ФИФА, а Трамп истакна дека во случај на безбедносна закана, ќе го повика претседателот на таа организација, Џани Инфантино.

„Ако некој лошо си ја врши работата и чувствувам дека нема безбедност, би го повикал Џани – шефот на ФИФА кој е феноменален – и би рекол: 'Ајде да го преместиме натпреварот на друга локација', и тие би го направиле тоа.“

Станува збор за 7 натпревари што се закажани да се играат на стадионот „Жилет“, лоциран во предградието Фоксборо, 35 километри од центарот на Бостон. Тоа е дом на НФЛ франшизата Њу Ингланд Петриотс и на МЛС тимот Њу Ингланд Револушн. Има капацитет од 64.628 гледачи.

Појавувајќи се во емисијата „Java with Jimmy“ во средата, Ву ја отфрли заканата на Трамп.

„Голем дел од тоа е ограничено со договор, така што ниту едно лице, дури и ако моментално живее во Белата куќа, не може да го поништи“, рече Ву. „Ние сме во свет каде што за драма, за контрола, за поместување на границите... се упатуваат постојани закани... кон поединци и заедници кои одбиваат да се повлечат и да се придржуваат или да бидат послушни на агенда со омраза.“

Светското првенство е закажано за следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.

Во САД, домаќинството е потврдено за 11 градови (Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Далас, Хјустон, Канзас, Атланта, Бостон, Мајами, Њу Џерси и Филаделфија). Кодомаќини се уште Канада и Мексико.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Фудбал

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Read more

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Спорт

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе