Трамп се меша и во Мундијалот, ФИФА реагира

ФИФА „се надева дека секој од 16-те градови домаќини ќе биде подготвен“ да биде домаќин на Светското првенство во 2026 година, се вели во соопштение испратено до AFP, откако амриканскиот претседател Доналд Трамп ја спомена можноста за преместување на натпреварите од безбедносни причини.

„Се надеваме дека секој од нашите 16 градови домаќини ќе биде подготвен успешно да ги организира настаните и да ги исполни сите потребни услови“, коментираше портпаролот на ФИФА.

„Безбедноста и сигурноста се приоритет за секој настан што ФИФА го организира низ целиот свет, а безбедноста и сигурноста се одговорност на владите кои одлучуваат што е во интерес на јавната безбедност“, додаде светското фудбалско тело.

Коментарот доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп увери дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, нема да се спротивстави на преместувањето на натпреварите од Светското првенство во други американски градови, доколку е потребно.

„Ако некој лошо си ја врши работата и мислам дека има безбедносен проблем, ќе го повикам Џани, кој е одличен, и ќе му кажам: ‘Ајде да го преместиме (натпреварот) на друга локација. И тој ќе го направи тоа многу лесно“, им рече американскиот претседател на новинарите откако беше прашан за насилството во Јужен Бостон кога беа запалени неколку полициски возила.

Доналд Трамп и Џани Инфантино се сретнаа во понеделникот во Египет, каде што претседателот на моќната спортска организација им се придружи на политичките лидери од целиот свет за да разговараат за мировниот процес во Газа.

Администрацијата на Трамп неодамна ја распореди Националната гарда во неколку градови управувани од демократски противници, спротивно на желбите на локалните власти. Вашингтон тврди дека мерката била неопходна за борба против криминалот и левичарскиот активизам.

Бостон подготвен за судир со Белата куќа

Вкупно единаесет градови во САД ќе бидат домаќини на натпревари од Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули следната година во Канада и Мексико. Еден од градовите што Трамп ги имаше на ум е Бостон, кој ќе биде домаќин на седум натпревари.

Градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, сигнализираше дека градот е подготвен да се судри со претседателот Трамп околу неговото тврдење дека би можел да ѝ наложи на ФИФА да ги помести натпреварите закажани да се играат на стадионот „Жилет“ во Фоксборо.

Ву се појави во емисијата Java with Jimmy во средата за да одговори на критиките од Белата куќа.

„Голем дел од тоа е заклучено во договор, така што никој, дури и ако моментално живее во Белата куќа, не може да го поништи. Ние сме во свет каде што поединците и заедниците кои одбиваат да се повлечат и да се придржуваат или да се покоруваат на агенда исполнета со омраза се постојано загрозени“, рече таа.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во 16 градови - 11 американски (Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Атланта, Бостон, Мајами, Њујорк/Њујорк, Филаделфија), три мексикански (Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј) и два канадски (Ванкувер, Торонто).

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе