Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Работнички имаше очајна есен, освои само 7 бодови во 16 првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот.

Ален Тупајиќ, Фото: ФК Работнички

Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два пораза и елиминација од белорускиот Тарпеда БЕЛаз. Тоа се случи откако управата одлучи да не ја продолжи соработката со 90% од играчите кое беа заслужни за успехот минатата сезона и освоеното трето место на табелата. Иако тимот драстично се промени, сепак никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството.

Бојан Маркоски, кој го наследи Горан Станиќ, брзо замина од тренерската позиција, а значајни промени не донесе ниту турскиот стратег Алпарслан Ердем кој дојде на негово место.

Третиот тренер оваа сезона е Србинот Ален Тупајиќ. Тој го предводеше Работнички во последните три кола и забележа три порази, но има тешка задаче против многу посилните Струга, Шкендија и Силекс. Сепак, се надева дека тимот со една комплетна реорганизација во зимскиот преоден рок, ќе бележи многу подобри резултати напролет. Тоа и мора да го направи, доколку сака да го избегне најлошото, испаѓање од елитното друштво.

„Наследив екипа која имаше многу проблеми, и на играчки и на резултатски план. Секако дека не сме задоволни од постигнатото, јас ќе говорам за мојот кус период додека сум на кормилото на Работнички. Но, дојдов и затоа што на тимот и претходно не му одело. И беше видлив мал напредок во играта, но попусто кога повторно резултатите беа три порази. Можеби второто полувреме против Шкендија во Тетово беше знак дека овој тим може да одигра и многу подобро. Во секој случај, Работнички е голем бренд на македонскиот фудбал, ќе мора добро да се реорганизира во оваа зимска пауза и напролет ќе треба да игра многу подобро, и што е најважно – да победува и да освојува бодови. Само така ќе можеме да ја оствариме целта, а тоа во ваков случај е опстанок во елитата“, изјави Ален Тупајиќ.

Штом заврши есенскиот дел „Романтичарите“ веднаш почнаа да се ослободуваaт од играчите што разочараа, а први исписници добија Џелил Асани, Демир Имери, Калани Алмејда и Амир Велиќ. Управата ќе мора да го одврзе ќесето и да донесе квалитетни засилувања доколку не сака наредната сезона да игра во втората лига, каде Работнички последен пат играше во сезоната 1997/1998 кога како шампион избори пласман во елитата и оттогаш 4 пати беше шампион на Македонија, освои 4 титули во Купот и со годиni успешно настапуваше во Европа играјќи против великани како Ливерпул, Лацио, Лил, Болтон, Базел, московски Локомотив...

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе