УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Макфакс/Кајгана
/ 22.04.2025 / 15:43

Европската фудбалска унија (УЕФА) подели 233 милиони евра на адреси на 901 клуб преку бенефит програмата.

Парите се исплатени на клубовите од сите 55 европски федерации кои се членки на Европската фудбалска унија.

На овој начин УЕФА им додели на клубовите кои во периодот од 2020 до 2024 година им дозволија на своите играчи да настапуваат за нивните репрезентации во натпревари под покровителство на УЕФА.

Станува збор за два циклуса од Лигата на нации, Европското првенство и квалификациите за Светското првенство.

Македонските клубови од оваа програма добија 150.019 евра. Парите се распределени на 7 клубови, кои во наведениот период имале репрезентативци. Речиси половина од парите доби Шкендија, поточно 65.862 евра, следуваат Работнички со 25.613 евра, Академија Пандев (сега Брера Струмица) со 21.954 евра и Вардар со 14.636 евра. Силекс, Шкупи и Македонија ЃП добија по 7.318 евра.

Најмногу пари во оваа распределба доби Манчестер Сити (5,1 милиони), додека зад „Граѓаните“ се Интер (4,6 милиони), ПСЖ (4,4 милиони) и Баерн (4,3 милиони).

УЕФА соопшти дека бенефит програмата за клубовите е зголемена за 33 милиони во однос на претходната сезона и дека е зголемен бројот на клубови кои добиле пари, што е последица на поголемиот број репрезентации на ЕУРО.

Комплетниот список на клубови кои добиле пари од УЕФА може да се погледне во PDF тука.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Фудбал

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Read more

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Read more
 

Спорт

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе