1.МФЛ 2025/2026

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Филип Здравески
/ 13.02.2026 / 15:42

В недела се игра 101-то скопско дерби помеѓу старите ривали Работнички и Вардар.

Од дерби пресметката во април 2013; Фото: ФК Работнички Скопје

Кога станува збор за градските дербија, особено оние каде два клуба дела ист стадион, она што за Италијанците се дуелите Интер - Милан, Рома - Лацио и Сампдорија - Џеноа, тоа за скопјани е натпреварот помеѓу Вардар и Работнички.

Ова ривалство датира уште од почетоците на повоената југословенска лига кога во 1951 година прв пат Работнички и Вардар ги крстиле копјата. Пред полни трибини на тоа старо претземјотресно Скопје победиле „Романтичарите“ со 2:1, а натпреварот бил инспирација за писателот Васил Иљоски да ја напише драмата „2 спрема 1“. Кое друго дерби може да се пофали со ваква историја?

Денес, 75 години подоцна, старите ривали по 101-ви пат ќе ги одмерат силите. Вардар важи за голем фаворит. Лидер е на табелата и ита кон титулата, додека Работнички е закован во зоната за испаѓање и му гори под нозе бидејќи мора да освојува бодови, а тоа никако не успева да го прави.

Скопското дерби е одлична причина да дојдете на стадион, да го поддржите домашниот фудбал и да присуствувате на еден настан со долга историја и традиција. Неделниот термин од 13 часот е одличен за гледање фудбал на стадион, кој потоа можете да го искомбинирате со ручек во некоја од локалните кафеани.

Во досегашните 100 одиграни дерби натпревари поуспешен  е Вардар со 41 победа, Работнички има 34, а 25 натпревари завршиле без победник. Ова се сите официјални натпревари без разлика дали биле во македонската прва лига, југословенските прва и втора лига или куп натпреварувањата.

Одиграни натпревари: 100 (89 првенствени, 10 куп, 1 суперкуп)
Победи на Работнички: 34
Победи на Вардар: 41
Нерешени: 25
Гол-разлика: 130:111 во корист на Вардар

Натпреварот ќе се игра в недела (15 февруари) од 13:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, но се очекува потврда од ФФМ бидејќи можно е да дојде до промена на локацијата доколку теренот на Арената треба да се чува за натпреварот на Шкендија в четврток во Конференциската лига.

Табела:

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Читај повеќе

Главни фаворити за титулата во НБА: Четири тима пред останатите

Читај повеќе

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе