Ван Нистелрој го напушта Лестер

Макфакс/Кајгана
/ 22.05.2025 / 18:24

Холандскиот стручњак Руд ван Нистелрој најверојатно ќе го напушти Лестер по последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата.

Лестер ќе го игра последниот натпревар од сезоната в недела против Борнмут, но раководството на клубот сè уште не донело одлука за тоа кој ќе го замени на позицијата главен тренер, објави денес Sky Sport.

Според овој извор, раководството на Лестер ги разгледува поранешниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, и актуелниот тренер на Шефилд Венздеј, Дени Рел, како главни кандидати за клупата.

Сепак, клубот е решен да не брза со потрагата по нов тренер, од почит кон Ван Нистелрој, кој сè уште официјално е на функцијата.

Преговорите за спогодбен раскин на соработката со холандскиот стручњак се очекува да започнат на почетокот на следната недела.

Руд ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал и ПСВ, ја започна својата тренерска кариера во јуниорските категории и како асистент во холандската репрезентација, пред да го преземе првиот тим на ПСВ во 2022 година.

Во својата прва сезона во ПСВ, Ван Нистелрој го освои Купот на Холандија и Суперкупот и заврши како второпласиран во Ередивизи. Го напушти ПСВ по една сезона, наведувајќи ги како главни причини „недостаток на внатрешна поддршка“ и несогласувањата во клубот.

По пауза од неколку месеци, Ван Нистелрој го презеде Лестер на почетокот на 2024 година, но со англискиот клуб не успеа да опстане во Премиер лигата.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Фудбал

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Read more

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Read more

Спорт

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе

Манчини го комплетираше тренерскиот штаб на Италија: Бонучи е последна аквизиција

Читај повеќе

Неговиот совет мора да се послуша: Пеп го убедил Родри да го одбие Реал и да оди во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Читај повеќе

Улична банда со бекатон претепа до смрт фудбалер во Уганда

Читај повеќе

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Шкендија в недела

Читај повеќе