1.МФЛ 2026/2027

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Шкендија в недела

Филип Здравески
/ 05.08.2026 / 15:19

В недела од 17 часот се игра големото дерби во првата лига помеѓу двата најголеми конкуренти за титулата, Вардар и Шкендија.

Од последниот дуел на Вардар и Шкендија во мај 2026; Фото: ФК Вардар Скопје

Откако во претходно прво коло Вардар ги отвори вратите за дуелот со Брегалница, за големото дерби сепак одлучи да ги врати билетите во продажба. Но, по полуларна цена од 200 денари, што за моментално најголемото македонско дерби е сосем нормална цена.

Билетите можат да се набават онлајн на веб-страницата на МКТикетс, а на денот на натпреварот ќе може да се купат и на билетарницата на стадионот, лоцирана на јужниот дел од Источната трибина.

Она што боде очи е терминот од 17 часот среде августовскиот топлотен бран, а на стадион што има најмодерни рефлектори во државава. Термин што веројатно ќе предомисли многу љубители на фудбалот неделното попладне да го минат на горештината на Националната арена „Тодор Проески“. На пример, штипска Брегалница својот саботен натпревар со Арсими побара и доби дозвола од ФФМ да го игра од 19 часот. Зошто Вардар не упатил такво барање, не е познато.

Дербито доаѓа по двенеделна пауза откако минатиот викенд немаше домашен фудбал, под изговор дека полицијата е презафатена со прославите по повод празникот Илинден и не може да обезбедува пет прволигашки натпревари.

И двата тима забележаа лесни победи во воведното коло пред две недели кога Вардар ја совлада Брегалница со 2:0, а Шкендија со 3:0 го победи Скопје.

Во меѓувреме, минатата недела двата клуба ги одиграа реванш натпреварите од 2. коло во квалификациите за Конференциската лига. Вардар испадна од латвиска Рига, додека Шкендија го елиминираше словенечки Браво. Така, сега в четврток Шкендија ќе има уште еден меч пред дербито и тоа на гости кај Хиберниан во Шкотска (директен пренос на МРТ2).

Натпреварот Вардар - Шкендија од ФФМ е прогласен за висок ризик и ќе има силно полициско обезбедување. Засега нема информации дали ќе биде дозволено присуство на гостински навивачи, но знаејќи ја историјата помеѓу повие два тима, веројатно такво нешто нема да се случи.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе