Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија експресно реаираше и ги одреди казните за инцидентите кои се случија во 28. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Најголемо внимание привлекоа инцидентите во Охрид и Струга.
Воска Спорт на 15 минути до крајот на натпреварот против Вардар го напушти теренот. Во Струга па тепачка се случи по завршувањето на натпреварот меѓу домаќинот и Гостивар.
„Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ службен резултат, 0:3;
ФК Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;
ФК Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика) на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;
Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт да го напуштат теренот на натреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;
ФК Струга се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ;
Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт исклучен на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Лука Робакидзе – фудбалер на ФК Работнички исклучен на натпреварот ФК Работнички – ФК Пелистер од 28. Коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга исклучен на натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар исклучен на натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер исклучен на натпреварот ФК Работнички – ФК Пелистер од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Диата Асане – фудбалер на ФК Гостивар исклучен од натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Аосман Ајас – фудбалер на ФК Гостивар исклучен од натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ“.