уефа лига на шампиони 2026/2027

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Реал Мадрид ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со победа. Тимот на Жозе Мурињо славеше против Интер со 2:1 на „Сантјаго Бернабеу“, а натпреварот беше обележан со головите на Килјан Мбапе и Федерико Валверде, како и интересна ситуација со новото правило во врска со замените.

Реал поведе во 14-тата минута. Килјан Мбапе најде простор во шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот на Интер за да му донесе водство на домашниот тим. Предноста на Реал беше удвоена во 23. минута кога Федерико Валверде постигна гол за 2:0 искористувајќи го киксот од подавањето на стоперот Бенжаман Павар и голманот Жузеп Мартинес.

Интер потоа се обиде да се врати во игра и успеа да ја намали разликата во 77. минута. Карлус Аугусту постигна гол за 2:1 и им даде надеж на гостите во последните минути. Интер притисна во последните минути и се обиде да израмни, но Реал успеа да ја зачува предноста и да запише три бода на почетокот од сезоната во Лигата на шампионите.

Натпреварот помеѓу Реал и Интер ја донесе првата ситуација со новото правило во врска со замените на играчите. Во 87. минута, Реал одлучи да го извади Винисиус Жуниор од теренот, но Бразилецот не го напушти теренот во предвидените 10 секунди.

Според новото правило, играч кој излегувга од игра мора да го напушти теренот во рок од 10 секунди од моментот кога е побарана замена. Доколку не го стори тоа на време, замената не може веднаш да влезе, туку мора да почека до следниот прекин на играта.

Поради бавното излегување на Винисиус, Алваро Карерас не можеше веднаш да влезе во играта, па замената беше завршена дури по следниот прекин. Реал накратко остана со десет играчи, а ситуацијата на „Бернабеу“ веднаш покажа како би изгледало новото правило во пракса.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе