Винисиус го продолжи договорот со Реал

Макфакс/Кајгана
/ 07.08.2026 / 16:00

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги прифати сите услови на новиот договор, со кој се обврза на верност до 2032 година.

Тековниот договор на Винисиус истекува следното лето, поради што медиумите шпекулираа дека би можел да го напушти Реал. Продолжувањето за дополнителни 6 години ги отстрани сите дилеми во врска со неговиот престој во Мадрид.

Арсенал беше заинтересиран – дури и да отстапи од своите финансиски и други принципи за да го доведе бразилскиот репрезентативец, но крилниот напаѓач нема да замине од Мадрид.

Финансиските детали од договорот меѓу Реал и Винисиус не се официјално потврдени, но се наведува дека според новиот договор Бразилецот ќе заработува 24 милиони евра нето годишно, со дополнителни бонуси поврзани со индивидуалните и тимските резултати.

Договорот, според шпанските медиуми, бил постигнат по компромис помеѓу првичните барања на фудбалерот и финансиската рамка поставена од клубот.

Винисиус е член на Реал Мадрид од 2018 година, а во текот на претходните сезони израсна во еден од најважните играчи на тимот и еден од најдобрите фудбалери во светот. Претходно играше за Фламенгу.

26-годишникот беше второпласиран во Златната топка во 2024 година, кога беше прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите.

Со Реал беше шампион на Ла Лига и на шпанскиот Суперкуп и на Интерконтиненталниот куп три пати, двапати ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, а исто така ја освои Копа дел Реј во сезоната 2022/2023.

Минатата сезона постигна 22 гола и направи 5 асистенции во Реал Мадрид. Има одиграно 54 натпревари за Бразил и постигнато 13 голови.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Фудбал

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Read more

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Read more

Спорт

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Читај повеќе

Скандал во Ф1: На 11 септември Вилијамс настапи со ретро-дизајн поврзан со Бин Ладен

Читај повеќе

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Читај повеќе

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Читај повеќе

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Читај повеќе

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Читај повеќе

И Франција му врти грб на Инфантино

Читај повеќе