1.мфл 2024/2025

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Филип Здравески
/ 20.04.2025 / 10:33

Вистинска драма се случуваше синоќа на натпреварот крај Охридското Езеро помеѓу домашната Воска Спорт и скопскиот гигант Вардар.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Од самиот почеток на мечот домашните имаа замерки кон штипскиот судија и неговите помошници. Страстите ги подгреа и поништениот гол за Воска во првиот дел поради офсајд, а публиката негодуваше речиси на секоја судиска одлука во корист на вардар, од фаули до аути.

Домашните сепак постигнаа гол во 18-тата минута преку Осеи Клинтон и поведоа со 1:0. Вардар не успеваше да израмни, тешко доаѓаше и до шанса пред голот на охриѓани.

Во 60-тата минута, само 6 минути откако пожолте, Амос Дадет заработи втор жолт картон и Воска остана со десетмина, што дополнително ја наелектризира атмосферата.

Тригерот за прекинот се случи во 70-тата минута кога Филип Дурански налета на една одбиена топка, шутна и ја погоди пречката, а топката се одби малку зад гол-линијата. Дали ја помина со целиот обем, како што се правилата на ФИФА за да биде гол, е тешко да се оцени, но судиите оценија дека ја минала и покажаа на центарот.

 

Откако публиката на трибините и управата на домашните во ложата на мобилните го прегледуваа спорниот момент, се дојде до општ заклучок дека дека голот е нерегуларен. Почнаа притисоци кон домашната клупа да ги повлечат играчите од терен. Капитенот Агон Хани инсистираше спортски да се одигра до крајот, но пресудија притисоците откако полета по некое шише и запалка кон теренот.

Играчите на Воска Спорт се повлекоа во соблекувалната откако претходно капитенот го извести главниот судија и вардаровиот капитен дека го прекинуваат натпреварот.

„Домашната екипа во 76. минута го напушти теренот, судиската тројка и гостинската екипа останаа на теренот и по чекање од 15 минути капитенот и преставникот од домашната екипа нѐ известија дека нема да го продожат натпреварот“, запишал делегатот во официјалниот записник.

Вардарци сами на теренот; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Без разлика на причините, според Правилникот за натпреварување на 1.МФЛ екипата на Воска спорт ќе го загуби натпреварот со службени 3:0, а за неспортскиот потег ќе биде предадена и на Дисциплинската комисија на ФФМ по што веројатно ќе биде и дополнително казнета, парично или со одземање на бодови.

Охриѓани се обратија до јавноста со соопштение по повод прекинот и мотивите за истиот:

„Воска Спорт го изразува својот револт, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните судиски одлуки на последниот натпревар меѓу нашата екипа и Вардар.

Од првата минута од натпреварот нашите играчи не беа рамноправни на теренот со противниците поради низата неправедни судиски одлуки кои значително се одразија на текот на играта и исходот на натпреварот.

Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, што доведе не само до нефер игра, туку и до серија неосновани опомени и казни кон нашите играчи.

За жал, поради овие сериозни неправди, во 76. минута нашиот тим беше принуден да се повлече од игра. Сметаме дека ова беше единствената можна одлука да ги заштитиме правата на нашите играчи и да спречиме понатамошно нарушување на спортскиот интегритет.

Во оваа насока бараме од ФФМ да ги разгледа спорните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага за судиските одлуки и ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите екипи. Очекувајќи го вашиот одговор и дополнителни инструкции, ви благодариме за разбирањето.

Со почит,
Воска Спорт“.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе