Земја на раб на војна дава милион долари на секој фудбалер ако се пласира во мундијалскиот бараж

Репрезентацијата на Демократска Република Конго игра клучни натпревари во африканските квалификации за Светското првенство 2026, а земјата одлучи дополнително да ги мотивира своите фудбалери.

Според Sport News Africa, претседателот Феликс Чисекеди одобрил бонус до еден милион долари за секој играч доколку популарните „Леопарди“ се квалификуваат во интерконтиненталниот бараж за Светското првенство.

За разлика од повеќето африкански репрезентации кои играат пријателски натпревари за време на ноемврискиот прозорец, ДР Конго влегува во решавачката фаза од квалификациите.

Избраниците на Себастјан Дезабре в четврток ќе се соочат со Камерун на неутрален терен во Рабат, Мароко, а доколку победат во финалниот бараж ќе се соочат со победникот од дуелот Нигерија - Габон. Финалето ќе се игра на 16 ноември, недела, исто така во Рабат. Овие четири репрезентации беа најдобри второпласирани во групите.

Овој мини турнир одлучува кој ќе ја претставува Африка во интерконтиненталниот бараж во март. Таму 6 репрезентации ќе се борат за две места на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Потврдени учесници досега се Нова Каледонија (Океанија) и Боливија (Јужна Америка), а место покрај Африка има и за Азија (ОАЕ или Ирак) и две за Северна Америка.

Владата на Конго сака да ги мотивира играчите колку што е можно повеќе, а според истиот извор, националната банка веќе добила инструкции да врши директни исплати на играчите во случај на пласман.

Интересно е што селекторот Дезабре и тренерскиот персонал не се вклучени во оваа награда, која е наменета исклучиво за играчите.

Овој потег на владата покажува колку големо значење придава државата на успехот на националниот тим, а овие потези доаѓаат во екот на затегнатите односи меѓу Конго и Руанда, практично во воена состојба.

Тагови
реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Фудбал

Колку треба да ѝ плаќа Кристијано на Георгина во случај на развод?

Read more

Дали ФИФА го најде човекот што ќе го собори Инфантино? 

Read more

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Read more

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Read more

Спорт

Колку треба да ѝ плаќа Кристијано на Георгина во случај на развод?

Читај повеќе

Дали ФИФА го најде човекот што ќе го собори Инфантино? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Читај повеќе

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Читај повеќе

По 11 години вегетирање почина боксерот што во контроверзен меч претрпе сериозни повреди на главата

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Вестбрук замина во пензија

Читај повеќе

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Читај повеќе

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе