Жезуш му одговори на Роналдо: Градиме тим, а не споменик на еден играч

Макфакс/Кајгана
/ 01.10.2026 / 20:41

Жорже Жезуш и Кристијано Роналдо изградија големо меѓусебно почитување уште пред искусниот стручњак да го наследи Роберто Мартинес на клупата на португалската репрезентација. Но, последните настани сето тоа го урнаа.

Многумина во таа земја го доживеаја именувањето на Жезуш како резултат на блискиот однос меѓу тренерот и напаѓачот, бидејќи претходно заедно работеа во Ал Наср.

Првиот пат кога селекторот се обиде да му покаже на 41-годишната суперѕвезда дека тој повеќе не е тоа што беше, дека неговата улога во тимот е поинаква во овие години и дека е време да се соочи со реалноста, настана хаос. Роналдо, прво не сакаше да тренира, а потоа демонстративно го напушти кампот на националниот тим и, за да биде уште полошо, објави соопштение (и започна кампања) во кое го обвини Жезуш дека лаже и дека го предал.

Еден ден подоцна, селекторот доби шанса да му одговори на Роналдо.

„Ја прочитав изјавата на Кристијано вчера и мојата прва реакција беше едноставна – не требаше да објавува такви работи. Кога играч ќе почне да верува дека неговото име му дава право да ја доведува во прашање секоја одлука, тогаш имате проблем“, рече Жезуш и продолжи:

„Кристијано Роналдо е легенда на Португалија, но легендите се паметат по она што го направиле – не им се загарантирани минути на теренот поради нивното минато. Не можам да изберам играч само поради неговата репутација и да го игнорирам она што ни го дава на теренот денес.“

„Луѓето постојано прашуваат зошто беше изоставен од тимот и зошто седи на клупата. Одговорот е – поради фудбалот. Во моментов имам играчи што можат да му дадат на овој тим поголем интензитет, повеќе движење и поголема рамнотежа. Ако Роналдо не може да го прифати тоа, тогаш тоа е негов проблем, а не мој“, рече тој и нагласи:

„Португалија не му припаѓа на Кристијано Роналдо. Таа му припаѓа на португалскиот народ. Ниеден играч не е поголем од националниот тим и никогаш нема да го жртвувам тимот само за да усреќам една суперѕвезда.“

Конечно, му испрати порака…

„Ако Кристијано мисли дека Португалија не може да функционира без него, тогаш треба да разбере едно нешто: Ние градиме тим, а не споменик на еден играч.“

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе