Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Макфакс/Кајгана
/ 21.04.2025 / 12:27

Поранешниот шпански напаѓач на Реал Мадрид, Ливерпул, Монако и Валенсија, Фернандо Мориентес (49), доживеа белодробна емболија поради формирање на тромб – последица на претераното седење и честите патувања со авион и автомобил.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја сподели својата приказна во програмата „Tiempo de Juego“ на COPE Radio за да ја предупреди јавноста за можните опасности:

„Се враќав од Уелва во Мадрид, ме болеше градниот кош, имав остра болка под градната коска. Мислев дека е нешто со желудникот и не отидов во болница. Подоцна почувствував нешто друго и решив да одам на лекар. Прегледот откри високо ниво на срцеви ензими, што веднаш го зголеми сомнежот за проблеми со срцето, имав белодробна емболија“, рече Мориентес.

Нагласи дека тромбот настанал од долго седење.

„Тоа е згрутчување кое се формира зад коленото, од долго седење во авион или автомобил. Да знаев, порано ќе земав хепарин. Згрутчувањето отишло во белите дробови, затоа ме болело. Поминав пет дена во болница. Можев да умрам“, призна Мориентес.

Напомена дека не пие и не пуши, но тоа не е гаранција кога се работи за тромбоемболија, особено кај луѓето што често патуваат.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Read more
 

Спорт

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе

Венгер најавува ново правило, кое од корен ќе го смени фудбалот

Читај повеќе