Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Жуау Канселу нема големо име или харизма како некои други фудбалери, но победата на Барселона во Ел Класико против Реал Мадрид го катапултираше на самите височини на европскиот клупски фудбал, како играч со најмногу освоени титули во лигите од Големата петорка.

Пред крајот на сезоната 2025/2026 во Ла Лига тој го освои шпанското првенство, а преттоа беше шампион на Италија со Јувентус (во 2018/2019 година), ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити (2020/2021, 2021/2022, 2022/2023) и Бундеслигата како член на Баерн (2022/2023), нешто што досега никој не успеал да го направи. Дополнително, беше и шампион на португалската Примејра со Бенфика (2013/2014).

Со ова достигнување ги надмина Кристијано Роналдо (шампион на Шпанија, Англија, Италија), Дејвид Бекам (Премиер лига, Ла Лига, Лиг 1), Златан Ибрахимовиќ (Шпанија, Италија, Франција), Кингсли Коман (3), Тјери Анри (3), Артуро Видал (3), Дани Алвес (3), Максвел (3), Клод Макелеле (3) и Сами Хедира (3).

Канселу моментално е на позајмица во својот сегашен клуб, но постои голема веројатност дека Жоан Лапорта и неговиот менаџмент ќе го откупат тековниот договор од Ал Хилал. Или ќе договорат нов циклус на привремена работа за Португалецот на неговата сегашна адреса. 

„За мене, Барселона е најголемиот клуб во светот и местото каде што сакам да останам. Некој ме измами во Ал Хилал. Ми рекоа дека ќе бидам регистриран во ПРО лигата на Саудиска Арабија, а потоа ме изоставија. Решив да продолжам понатаму, еве ме, ја освоив титулата со Барселона и навистина сум среќен. Не се сомневам дека сакам да играм на 'Камп Ноу' во иднина“, истакна португалскиот играч.

За да ја комплетира колекцијата пехари од Топ 5 лигите му фали само уште титула во француската Лиг 1. На 27 месецов ќе наполни 32 години, па има време во иднина за нов трансфер и да се проба и во Франција...

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lance! (@lancedigital)

А, меѓу тренерите, Карло Анчелоти е апсолутен лидер, бидејќи Италијанецот барем еднаш бил шампион во сите Топ 5 европски лиги.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Фудбал

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Read more

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Read more

Спорт

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Читај повеќе

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Читај повеќе

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Читај повеќе

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Читај повеќе

Дешан порача: Франција оди по пехарот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Читај повеќе