Регионалната кошаркарска АБА лига ќе има 18 клуба почнувајќи од следната сезона, беше одлучено на Собранието одржано во средата.
На шампионатот ќе им се придружат романскиот Клуж и австриската Виена, како и Босна односно Илирија, кои обезбедија место во елитниот ранг преку АБА2.
Иако имаше навестувања, Хапоел од Тел Авив нема да се приклучи на АБА лигата, а дефинитивно лигата ја напуштаат Цибона и Морнар, како два најслаби тима од минатата сезона.
Следната голема промена е поделбата на АБА лигата во две групи, што ќе го намали бројот на натпревари што ќе ги играат тимовите од сезоната 2025/2026.
Проширувањето за уште два тима би значело четири дополнителни натпревари, што би било особено проблематично за тимовите што играат во европските натпреварувања.
Затоа, пронајдено е решение што ќе го олесни распоредот. Двете групи ќе имаат по девет тима, а наскоро треба да се знае како ќе изгледаат.
И оваа сезона нема да има македонски претставници.