Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Дејвид Аделман, тренерот на Денвер Нагетс, зборуваше за Никола Јокиќ.

Аделман неодамна ненадејно стана шеф на стручниот штаб, каде дотогаш беше помошник, откако Мајкл Мелоун доби отказ неколку кола пред плеј-офот.

Сега негова задача е да го подготви најдобриот можен тим предводен од најдобриот играч на планетата - Јокиќ. Сепак, Аделман смета дека треба да се растерети што е можно повеќе.

„Има моменти кога сакаме да му дадеме пауза од оркестрирањето на секој напад“, рече Аделман и продолжи:

„Мислам дека не е можно да го освоиме она што сакаме да го освоиме така што тој ќе игра еден на три или еден на четири. Имаме доверба во другите момци дека ќе погодат отворени шутеви и дека ќе му биде полесно на Никола“.

Американскиот стручњак како добар пример го истакна мечот против Сакраменто Кингс, кој неговиот тим го доби со осум разлика, а Сомборецот имаше „само“ 20 поени, но со 12 скока, 11 асистенции и четири украдени топки.

„Натпреварот против Сакраменто е добар пример за тоа, бројките се показател на крајот. Тоа е она што тој го сака, мечот да дојде, да го оставиме да ја прочита играта и да реагираме од тоа на двата краја...“.

Remote video URL

Главниот тренер на Нагетс потоа зборуваше малку повеќе за неговата визија за играта.

„Дел од нашата работа е да го заштитиме, а дел од неговата работа е да им верува на своите соиграчи. Асистенции, број на креативни шутеви, неверојатен е. Мора да живеете од отворените шутеви во плеј-офот. Некои од најдобрите тимови во историјата имаа ѕвезди и ги паметите, но јас секогаш велам поради татко ми (Рик Аделман) со кој ги гледав Лејкерс, ги памтиите Шек и Коби, но останатите момци ги креираа отворените шутеви. Тоа ви треба од тимот, а јас ја имам нивната доверба“, подвлече Аделман.

Денвер и Клиперс в сабота со почеток од 21 часот и 30 минути го играат првиот дуел од плеј-офот.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Кошарка

Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа

Read more

Лејкерс немоќни без Дончиќ, Леброн и Ривс: Потоп од 46 разлика против Оклахома

Read more

Јокиќ повторно правеше чуда, Денвер победи иако губеше 18 разлика

Read more

Наследникот на Дончиќ брилираше против Лејкерс и со 45 поени го предводеше Далас до триумф

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе