Цибона сака да ја напушти АБА лигата

Кошаркаскиот клуб Цибона, еден од основачите на регионалната АБА лига (заедно со Будучност, Олимпија и Босна), наскоро би можела да го напушти регионалното натпреварување.

Оваа информација ја пренесува Sportske novosti на Večernji list и според нивните информации Цибона е незадоволна од третманот во АБА лигата.

Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА лигата, кое донесе одлука за укинување на националниот клуч со можност за проширување на лигата на 20 клубови.

Новиот систем на натпреварувањето требаше да го одреди комисијата од 5 клуба во состав: Партизан, Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Будучност и Цибона, а во понеделник беше одржана координација на комисијата и Цибона навредена го напушти состанокот. Има две кола до крајот на тековната сезона, Цибона е на претпоследната позиција и според старите правила треба да игра со поразениот финалист од АБА2 лигата каде победникот би играл на следната сезона во АБА.

„Цибона дознала дека во случај на пораз во баражот би можела да остане во АБА лигата доколку плати 400.000 евра за специјално место“, пишува Večernji list.

Челниците на Цибона веќе извесно време размислувале дали клубот воопшто треба да игра во АБА лигата, а како што наведува овој извор, извесно е дека клубот ќе донсе одлука да не игра и дека тоа би бил сериозен удар за самото натпреварување.

Факт е дека Цибона долги години е на работ на опстанокот и нејзината конкурентност одамна е под знак прашалник…

Она што во моментов е мистерија е што ќе биде со Сплит и Задар, преостанатите два хрватски клуба. Тие не се во сопственичката структура, ниту се блиски со друг клуб како ФМП со Црвена звезда или Студентски центар со Будучност.

„Проблемот е што со текот на годините правила се менуваа и се прилагодуваа за да им одговараат на 'големите' клубови. За луѓето од Цибина кои подолг период размислуваат дали воопшто им се исплати да играат во ваква лига или ќе се насочат кон европските купови, одлуката која е донесена беше 'капакот што ја прели чашата'. Во целост за хрватската кошарка четврт век регионална лига, не само поради оваа лига, но, хрватската кошарка ја направи полоша него што беше претходно. Цибина би можела да го повлече првиот потег. Прв пат Цибна не молчи. И тоа е некаква вест во оваа бара“, стои во текстот.

Извесно е дека клубот од Загреб повеќе нема да биде во АБА лигата…

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Кошарка

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Read more

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Read more

Оклахома ја прегази Минесота на стартот од финалето на Западот

Read more

Преседан во НБА: Седум различни шампиони во седум сезони

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе