НБА 2024/2025 плејоф

Денвер го растури Клиперс во мајсторката и обезбеди полуфинале

Денвер Нагетс го победи Лос Анџелес Клиперс со 120:101 во седмиот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција, со што се пласираше во полуфиналето на конференцијата.

Нагетс имаа водство од 11 поени по првото полувреме, 58:47, кое го зголемија во третиот период и влегоа во последните 12 минути со водство од +27, 93:66. Екипата на Дејвид Аделман рутински ја задржа предноста до крајот на натпреварот и победи.

Најдобар играч кај Денвер беше Арон Гордон со 22 поена, 5 асистенции и 4 скокови, додека Крисчн Браун додаде 21 со 5 скокови и 4 асистенции. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени, исто колку и Џамал Мареј и Расел Вестбрук, додека Мајкл Портер исто така имаше двоцифрен број на поени, 15, со 6 скокови.

Покрај 16-те поени, Јокиќ додаде 10 скокови и 8 асистенции, додека Мареј додаде 5 скокови и 2 асистенции во својот учинок, а Вестбрук додаде 5 скокови и 1 асистенција.

Од другата страна, Каваи Ленард се истакна со 22 поена, 5 скокови и 2 асистенции, додека Коби Браун додаде 13 со 3 асистенции. Богдан Богдановиќ и Дерик Џонс постигнаа по 12 поени, додека Ивица Зубац го заврши натпреварот со 10 поени и 14 скокови. Богдановиќ додаде 3, а Џонс 2 скока. Џејмс Харден тотално потфрли со само 7 поени (2/8 од поле).

Remote video URL

Денвер сега ќе се соочи со Оклахома, која има предност на домашен терен, во полуфиналето на Западот, а првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу понеделник и вторник од 3:30 часот утрото по македонско време.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Кошарка

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Read more

Минесота го победи Њу Орлеанс во меч со 291 поен, рекорд сезонава

Read more

Јокиќ е најдобар во една работа во последниот половина век во НБА

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе