Димитријевиќ го напушта Милано?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (27) веројатно ќе го напушти Милано по само една сезона.

Димитријевиќ пристигна во Милано претходното лето, зад себе има солидна сезона (7,6 поени, 2,9 асистенции) и неколку забележителни натпревари (на Реал му даде 22 поена, на Панатинаикос 15, на Фенербахче 15…), но тренерот Еторе Месина во моментов не смета на него.

Последниот меч за Милано Димитријевиќ го одигра на почетокот на април, против Реџана во лигата (9 мин, 4 поени).

Отсуствуваше на следните три натпревари, а италијанските медиуми пренесуваат дека Македонецот ќе го напушти тимот на крајот од сезоната иако има уште една година од договорот со клубот.

Неговиот поранешен клуб Уникс, каде Димитријевиќ ги одигра најдобрите натпревари во кариерата, сака да го врати во своите редови.

„Проблемот е што тој има договор со Милано и за следната сезона. Ненад сака да игра, а ние се обидовме да го доведеме пред почетокот на плеј-офот, но Месина беше тврдоглав. Очигледно, Месина не ја сака Русија иако работеше тука долги години со голем успех“, изјави долгогодишениот функционер во клубот, јевгениј Богачев.

Оперативецот на Уникс вели дека нема да се откаже од Димитиријевиќ, бидејќи многу ги цени неговите квалитети.

„На Ненад му е јасно дека е на возраст кога треба да игра, а не да седи на клупата. Ова што му се случува сега може да влијае на неговата понатамошна кариера. Дали ќе се обидеме повторно да го доведеме? Ќе видиме што ќе се случи на лето“, изјави Богачев.

Во својата последна сезона во руската ВТБ лига, Димитријевиќ имаше просек од 18,9 поени, 3,6 скокови и 6,9 асистенции по натпревар. Во сезоната 2023/2024 беше МВП на лигата.

Инаку, Милано, минатото лето на Уникс му плати 100.000 евра за Димитријевиќ.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Кошарка

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more

Лоши вести за Јокиќ

Read more
 

Спорт

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе

Евролигата сака да ја тужи НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Читај повеќе

Алонсо отпуштен по расправија со тројца клучни играчи, проблемите почнале во октомври

Читај повеќе
  • play_arrow

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Читај повеќе

Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес

Читај повеќе

Лоши вести за Јокиќ

Читај повеќе