Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена.

Повратникот во националниот тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус, претквалификациите за ЕвроБаскетот 2029. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за квалитетна подготовка и заедничка работа пред гостувањето во Виена.

„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ран-ен-ган кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа“, вели Димитријевиќ.

Во разговорот за составот на Македонија, Димитријевиќ се осврна и на новото решение под кошевите. По повредата на Итан Хап, во националниот тим пристигнува Моузес Рајт, со кого Димитријевиќ очекува добро партнерство.

„Претходно под кошевите Итан Хап го имавме како сериозен и квалитетен играч, но несреќа беше неговата повреда, тоа ни беше хендикеп во претходните квалификации со Естонија. Сега го добиваме Моузес Рајт, преквалитетен играч. Се надевам дека ќе бидеме добар тандем и со останатите играчи ќе дојдеме до успех.“

Повторното враќање во репрезентативниот дрес за Димитријевиќ има и дополнителна тежина. Целта е Македонија да се избори за настап на следното Европско првенство, а искусниот бек не крие дека сака уште еднаш да биде дел од европскиот шампионат со националниот тим.

„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.“

Со Димитријевиќ повторно во ростерот, македонската репрезентација го започнува подготвителниот период во Скопје, со јасна цел – максимално подготвена да отпатува во Виена и да се обиде да стигне до важна победа против Австрија.

Во претквалификациската група Ф е уште и Кипар, а првопласираната репрезентација ќе избори место во квалификациите, додека останатите две ќе продолжат во третата претквалификациска рунда.

ЕвроБаскетот 2029 ќе се одржи во Естонија, Грција, Словенија и Шпанија.

реклама

Кошарка

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе