НБА 2024/2025

Дончиќ ги остави соиграчите на цедило: Провоцираше навивач, па беше исклучен

Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз на гостински терен од Оклахома Сити Тандер со резултат 136:120, а клучниот момент се случи на 7 и пол минути пред крајот на натпреварот кога Лука Дончиќ беше исклучен.

Дончиќ по одлична соло акција погоди над Ајзеа Хартенштајн за водство на Лејкерс од 108:107.

Својот 23-ти поен на мечот го прослави провоцирајќи навивач кој седеше покрај теренот, а не ни помислуваше дека тоа ќе биде последното нешто што ќе го направи на натпреварот.

Судијата веднаш реагираше и му досуди техничка грешка на Дончиќ, а со оглед на тоа дека на Словенецот тоа беше втора таква грешка на натпреварот, беше исклучен.

Судијата помисли дека Дончиќ му дофрлил нешто, а Словенецот веднаш почна да покажува кон навивачот покрај теренот. Сепак, судијата не ја промени одлуката и Дончиќ ги остави соиграчите на цедило.

Без него брзо заостанаа дури 15 поени, а на крајот се дојде и до конечни 16 разлика.

Оклахома до победата ја предводеше Шеј Гилџс-Александер со 42 поена, 6 скокови и 6 асистенции, додека на другата страна најдобар беше Леброн Џејмс со 28 поени и 7 скокови.

Remote video URL

Кливленд Кавалирс со победата над Чикаго Булс од 135:113 го обезбеди првото место на Истокот пред плејофот. Дариус Гарланд беше анјефикасен со 28 поени, Еван Мобли имаше дабл-дабл со 21 поен, 12 скокови и 7 асистенции, а Тај Џером и Де'Андре Хантер уфрлија по 18 односно 17 поени.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Мемфис Гризлис 100:124
Кливленд Кавалирс - Чикаго Булс 135:113
Индијана Пејсерс - Вашингтон Визардс 104:98
Орландо Меџик - Атланта Хокс 119:112
Бруклин Нетс - Њу Орлеанс Пеликанс 119:114
Њујорк Никс - Бостон Селтикс 117:119
Милвоки Бакс - Минесота Тимбервулвс 110:103
Оклахома Сити тандер - Лос Анџелес Лејкерс 136:120
Феникс санс - Голден Стејт Вориорс 95:133
Лос Анџелес Клиперс - Сан Антонио Спарс 122:117

Табела:

реклама
aerie.jpg

Aerie главниот конкурент на Victoria's Secret има сосема поинаква кампања

Read more
Колку често треба да водиме љубов за да бидеме здрави?

Колку често треба да водиме љубов за да бидеме здрави?

Read more
Приштина бара имот од поранешна СФРЈ

Приштина бара имот од поранешна СФРЈ

Read more
Амстердам: Платен убиец од Србија фатен на дело

Амстердам: Платен убиец од Србија фатен на дело

Read more

Кошарка

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more

Лејкерс во проблеми пред плејофот: Дончиќ и Ривс го пропуштаат почетокот на серијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе