Лос Анџелес Лејкерс, предводени од феноменалниот Лука Дончиќ, ги победија Шарлот Хорнетс на гостински терен со 121:111.
Дончиќ беше брилијантен и го заврши натпреварот со 38 поени, 6 скокови и 7 асистенции, а интересно е и што сите стартери на Лејкерс имаа двоцифрен учинок.
Остин Ривс постигна 24 поени со 7 асистенции, Руи Хачимура постигна 21 поен, ДеАндре Ајтон 14, додека Маркус Смарт имаше 13 поени и 7 украдени топки, што е најмногу што играч на Лејкерс имал во овој век.
Дончиќ погоди 5 тројки, но потегот на вечерта се случи во третата четвртина кога реши атрактивно да забие по еден пробив.
Дончиќ навистина ретко оди на забивања, но кога ќе одлучи да го направи тоа - навистина изгледа атрактивно. Ова беше само второ забивање на Дончиќ сезонава.
Што се однесува до другите натпревари, вреди да се издвојат победата на Сан Антонио во Чикаго од 121:117 со 38 поени, 12 скокови и 5 блокади од Виктор Вембанјама, како и победата на Милвоки во Далас од 116:114 благодарение на 30-те поени на Јанис Адетокунбо.
Јусуф Нуркиќ имаше скромен учинок од 6 поени и 10 скока во поразот на Јута на домашен терен од Минесота со 120-113.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Лос Анџелес Лејкерс 111:121
Детроит Пистонс - Вашингтон Визардс 137:135
Орландо Меџик - Портланд Треил Блејзерс 115:112
Мајами Хит - Кливленд Кавалирс 140:138
Чикаго Булс - Сан Антонио Спарс 117:121
Далас Маверикс - Милвоки Бакс 114:116
Финикс Санс - Њу Орлеанс Пеликанс 121:98
Јута Џез - Минесота Тимбервулвс 113:120
Лос Анџелес Клиперс - Атланта Хокс 102:105
Табела: