По 34 години, Грција во 2029 година повторно ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Според грчките медиуми, земјата ќе биде домаќин на финалето на ЕвроБаскетот 2029.
Грција ги победи Шпанија, Литванија и Словенија во жесток процес на лицитирање, додека Германија претходно се повлече.
Грција ќе биде домаќин и на групната фаза и на финалето на Европското првенство, а финалето ќе се игра во Атина, во арената „ОАКА“.
Се очекува оваа одлука да биде официјализирана на 22 мај во Рига, по гласањето на претставниците на ФИБА Европа, а ова ќе биде трет пат во историјата Грција да биде домаќин на ЕвроБаскетот.
Сè уште не е познато дали и кои други земји ќе бидат домаќини на групната фаза на Европското првенство заедно со Грција, а во медиумите моментално кружат информации дека тоа би можела да биде Холандија.
Не е исклучено кандидатите за последниот дел од турнирот – Шпанија, Словенија и Литванија – да ја преземат организацијата на дел од групната фаза.
За потсетување, Шпанците аплицираа за последниот дел од ЕвроБаскетот, сакајќи да се одржи во „Мовистар Арена“ во Мадрид, а беше споменато дека финалето би можело да се одржи и на фудбалскиот стадион „Сантјаго Бернабеу“, кој може да прими 78.000 гледачи.